Една група истражувачи од Универзитетот за наука и технологија на Кина, детектирале протомаглина којашто датира од најраниот период на универзумот, од времето кога тој бил стар само 770 милиони години. Според тоа, таа протомаглина е досега најраниот детектиран објект во универзумот.
Нашиот универзум е просторно огромно место, во кое ние можеме да видиме повеќе од илјадници милијарди поединечни галаксии, а повеќе од половина од нив се гравитациски поврзани во големи структурни групи, т.н. галактички јата сочинети од по 100 до 1 000 галаксии во секоја од нив. За космолозите особено интересно е прашањето кога тие галактични јата започнале да се формираат во универзумот и кога во нив започнала да светли првата генерација ѕвезди. Во тој контекст астрономите досега детектирале бројни галактички јата од времето на раниот период на универзумот.
Но, една група истражувачи од Универзитетот за наука и технологија на Кина, детектирале протомаглина којашто датира од најраниот период на универзумот, од времето кога тој бил стар само 770 милиони години. Според тоа, таа протомаглина е досега најраниот детектиран објект во универзумот.
Маглината содржи најмалку 21 галаксија кадешто е во тек во формирање на првата генерација ѕвезди. Протомаглината е именувана LAGER-z7OD1, а се наоѓа на растојание од 13 милијарди светлосни години од нас.
Уметничка визија на детектираната протомаглина од најраниот универзум (извор: Европска јужна опсерваторија – EСO)
Ова најново откритие, според космолозите има уникатно значење. Имено, вака голема протомаглина од најраниот период на универзумот мора да содржи клучни информации за расветлување на еден интригантен, досега малку познат период од најраната историја на универзумот, период во кој се случил интересен процес наречен реjонизација (reionisation). Со тој процес универзумот започнал да станува транспарентен, отако претходно бил наполно непроѕирен, па ние не можеме да видиме како тој изгледал пред тоа време, туку можеме само теоретски да го предвидуваме неговиот тогашен изглед. Ќе го објасниме тој процес!
Според теоријата за еволуцијата на универзумот, по Биг Бенгот и по периодот на т.н. инфлаторно ширење на космосот, материјата во него трансформирана од енергија според Ајнштајновата равенка на векот
E = m · c2,
се наоѓала во агрегатна состојба т.н. плазма, карактеристична по тоа што елементарните честички не беа групирани во атоми и молекули како што се сега, туку беа произволно расштркани без никаков редослед. Таа материја се состоела од темен непроѕирен гас, па тој период космолозите го нарекле Космичко мрачно време. Но, како што знаеме универзумот не е статичен туку тој перманентно се шири, а со тоа тој постепено се лади. Како последица од ладењето, во даден момент од најраниот период на универзумот, започнал процесот на рејонизација, во кој четирите елементарни природни сили меѓусебно се раздвоиле, а електроните, протоните и неутроните, претходно расштркани во просторот во безредие, тогаш започнале да се групираат и да се спојуваат градејќи ги првите водородни атоми и молекули – почетните компоненти на денес актуелната материја. Така започнал да се генерира нов тип материја, која за разлика од претходната, била проѕирна. Оваа материја под дејството на сопствената гравитација сè повеќе колабирала групирајќи се во космички маглини. Во тие маглини се генерирарале првите јата галаксии, а во нив засветлела првата генерација ѕвезди. Понатаму, тие први ѕвезди делувале со нивната ултравиолетова светлина најнапред на најблиската, а подоцна и на сè поодалечената гасовита темна плазма, па постепено таа станувала сè потранспарентна. По приближно 1 милијарда години од Биг Бенгот, целиот универзум станал проѕирен и со тоа завршил процесот на рејонизација.
Графички приказ на еволуцијата на Универзумот (извор: НАСА)
Но, ова откритие има и друго уникатно значење. Имено, маглината LAGER-z7OD1, како најрана досега откриена маглина, покажа дека првите галактички јата, и првата генерација ѕвезди, можеле да започнат да се формираат порано отколку што астрономите досега сметале. Наодот ќе се истражува и натаму.
Откритието е објавено со опширен коментар во списанието Nature Astronomy.