Рубрика: Медицина
Анализа на односот цена-ефективност: ивермектин vs. вакцина
Автор: Марјан Божиновски
Објавено на 19.09.2020 - 16:00

Reddit спаѓа во првите 20 најпосетувани веб-сајтови во светот. Регистрираните членови објавуваат содржини (линкови, текстови, слики) кои се гласаат позитивно или негативно од останатите членови. Објавите се организирани тематски, во подгрупи наречени subreddits, креирани од самите корисници, и покриваат разни области како вести, политика, наука, филмови, музика, и др.

Од неодамна постои subreddit посветен на лекот ивермектин, во контекст на борбата против Ковид-19. Има малку повеќе од 300 корисници, а еден од нив драматично се истакнува во однос на другите. Регистриран е под псевдонимот TrumpLyftAlles, а во една од дискусиите објави дека се вика Хојт (анг. Hoyt) и даде линк до својата твитер сметка. Се опишува себеси како “пензиониран програмер опседнат со ивермектин”. Човекот е вистинско чудо. Ги објавува сите најнови вести во врска со ивермектинот практично во реално време и веднаш потоа прави фантастични анализи, било да се вести, студии или најави за студии. Анализите му се методолошки ригидни и исклучително прецизни за човек чија биографија нема врска со медицината.

Вчера на групата за ивермектин објави своја споредбена анализа на релативниот однос цена-ефективност на очекуваните вакцини наспроти ивермектинот како превентива (или псевдовакцина). Анализата е интелигентна и мошне провокативна, особено што луцидно ја предизвикува мејнстрим парадигмата за излез од ковид кризата. Се однесува на САД, но лесно може да се преслика за која било држава во светот.

Хојт ја почнува анализата со пропозиција. Вели, ако ивермектинот обезбедува 90% профилакса (превентива) од ковид-19, тогаш тој е подобро решение од вакцината. Аргументите што потоа ги образложува подетално се:

  • Многу е поевтин.
  • Веројатно би имал поширока прифатеност.
  • Повеќе од 80% Американци би биле заштитени. Вакцината веројатно нема да обезбеди имунитет на стадо, додека ивермектинот веројатно може.
  • Меѓутоа, голем проблем е како да се осигури дека луѓето ќе го земаат лекот како профилакса.

 

Цени

Неговата проценка е дека вкупната цена што САД би ја платиле за ивермектинска профилакса со неделни дозирања би била околу 2 милијарди долари годишно.

Од друга страна, наведува податок дека владата на САД потпишала договор со Pfizer за околу 20 долари по доза. Би биле потребни две дози годишно. За 330 милиони Американци, вакцината би чинела вкупно околу 330 • $20 • 2 = 13,2 милијарди долари годишно.

Колку Американци би биле заштитени со вакцина?

Светскиот консензус за тоа што значи добра заштита од ковид-19 е да заштити барем 70% од населението. Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) би прифатил и заштита од барем 50%. Хојт го констатира фактот дека моментално има силен отпор против каква било вакцина, поради генерална недоверба кон владата. Една анкета во јуни покажала дека само 50% од Американците имаат намера да примат вакцина против ковид-19. Продолжува со констатацијата дека 9-20% од Американците се „антиваксери“. Затоа зема попесимистичка претпоставка дека процентот на Американци што би примиле вакцина против ковид-19 е 80%. Прашањето е колку проценти од граѓаните на САД би биле заштитени:

  • Ако вакцината е 70% ефективна: 330 • 0,7 • 0,8 = 185 милиони Американци
  • Ако вакцината е 50% ефективна: 330 • 0,5 • 0,8 = 132 милиони Американци

Но, и ако 80% се вакцинираат, САД не би стигнале до прагот на имунитетот на стадо од 70%. Со 50% ефективна вакцина, би било потребно 30% од населението веќе да било инфицирано со коронавирусот за да се стигне до имунитет на стадо со ниво од 70%.

 

Колку Американци би биле заштитени со ивермектинска профилакса?

За проценка на заштитата од ивермектинска профилакса, се повикува на здружените резултати од две студии. Во првата студија, од вкупно 203 третирани, биле заштитени 188 испитаници, додека во втората студија, сите 788 третирани биле заштитени од инфицирање. Значи, 976/991 = 98,5% заштита. Но, зема попесимистичка претпоставка дека ивермектинот може да обезбеди барем 90% заштита од ковид-19.

Хојт се шегува дека ивермектинот сè уште нема еквивалент на Фејсбук антиваксерски групи и дека има одличен рекорд на безбедност (од над 4 милијарди примени дози во последните 3 децении, само 6-8 смртни случаи).

Значи, ако 90% го земаат како профилакса и од нив 90% се заштитени, тогаш вкупно 81% од Американците би биле заштитени од ковид-19, или во апсолутни бројки:

330 • 0,9 • 0,9 = 267 милиони Американци

Заклучокот е јасен: 267 милиони заштитени со ивермектинска профилакса наспроти 132 до 185 милиони заштитени со вакцина. Плус, целта е постигната, 81% се заштитени – солиден имунитет на стадо. Разликата во апсолутни бројки е: од 82 до 135 милиони помалку Американци заштитени со вакцина. 
 

Колку ќе ги чини даночните обврзници во САД?

 

Ивермектин:

Со претпоставен опфат од 90% и приближно 6 долари по доза:

330 • 0,9 • $6 = $1,8 милијарди долари

 

Вакцина:

При $20/доза, 2 дози годишно: $40/годишно

При 80% опфат:

330 • 0,8 • $40 = $10,6 милијарди долари

Разликата е огромна: $10,6 - $1,8 = $8,8 милијарди за да се заштитат од 82 до 135 милиони помалку Американци.

Вакцините би чинеле околу 6 пати повеќе од ивермектинската профилакса и не би успеале да достигнат имунитет на стадо за разлика од ивермектинот.

Голем проблем останува како да се натераат луѓето да земаат таблета ивермектин секоја недела. Како да се осигура дека луѓето ќе го земаат ивермектинот? Многу луѓе едноставно може да го фрлаат во корпа.

Хојт предлага едноставно и елегантно решение: ивермектин во паста за заби!

Би можело да се бара од производителите на забни пасти задолжително да го внесуваат ивермектинот во секоја паста. Евентуалните антиивермектинисти би морале да се снаоѓаат на алтернативни начини за одржување на забната хигиена.

 

За крај, Хојт прашува дали ивермектинот во паста е непремостлива препрека во корист на вакцините? Можеби. Ни треба, двојно слепо испитување по случаен избор, со огромен број испитаници, за да се утврди дали ивермектинската забна паста ќе даде резултати. (шега)

Клучни зборови:
Редит групата каде се дискутира за ивермектинот

Редит групата каде се дискутира за ивермектинот

Постот на Хојт каде прави анализа за употребата на ивермектин наспроти вакцинирање

Постот на Хојт каде прави анализа за употребата на ивермектин наспроти вакцинирање