Мошне често приватно рабо­там со клинести ремени и ме ин­тересира дали постои некое општо правило за нивното почетно при­тегнување? Во литературата што ми е достапна ништо конкретно не можам да најдам за овој мој проблем. Многу Ви благодарам за од­говорот.

Ненад Стојковски

 

Експлицитен одговор за тоа колку се притегнуваат клинестите ремени во стручната литература е тешко да се најде. Впрочем, го не­ма. Тоа произлегува од фактот што клинестите ремени го пренесуваат моментот благодарение на нор­мал­ните сили врз бокот на ременот, предизвикани од заклинувањето на ременот кога тој е под опто­ва­ру­вање и варира (се самонагодува) од големината на тоа оптоварување. Тоа, практично, значи дека пот­ребна е само релативно мала по­четна сила на претходно притег­нување, со цел да може да се реа­лизира (возникне) заклинувањето на ременот. Колкаво е тоа почетно притегнување? Мало. Тоа прет­ход­но притегнување практично се на­годува на следниот начин: ако нај­долгиот слободен огранок на кли­нестиот ремен е во должина до 300 милиметри, тогаш клинестиот ре­мен треба да е толку затегнат да можеме со палецот на нашата ра­ка, притиснувајќи го ременот на­внатре, на половината од таа дел­ница, да се повлече за околу 10 до 15 милиметри. А ако делницата е поголема од 300 милиметри, по­влекувањето на ременот да е меѓу 20 и 30 милиметри. При ова се сме­та дека возникнала доволно по­четна сила на триење, којашто при оптоварувањето на ременот преми­нува во сила на заклинување, која, пак, го пренесува потребниот момент. Ова важи за сите класични клинести ремени.

Томе Скендеровски