Истражувањата спроведени последниве години почнаа да го поврзуваат високиот притисок со симптомите за алцхајмерова болест. Но, како и кај повеќето почетни чекори, ќе бидат потребни повеќе истражувања за да се пресуди дали оваа врска е случајна или не.
Алцхајмеровата болест е една од топ десетте причини за деменција, состојба што типично ја зафаќа повозрасната популација, за којашто се карактерични проблеми со меморијата како и намалување на способноста за решавање проблеми и за размислување. Алцхајмеровата болест е една од почестите причини за деменција, додека другите чести причинители за деменции вклучуваат нарушувања предизвикани од оштетување на мозокот, како и од васкуларна повреда. Васкуларната деменција е втора најчеста форма на деменција по Алцхајмеровата болест, а таа е директно поврзана со зголемениот крвен притисок. Васкуларната деменција, слично како и Алцхајмеровата, полека ги уништува меморијата и другите когнитивни функции, а се јавува како последица од недостаток на кислород во мозокот, поради што доаѓа до изумирање на нервните клетки. Состојбата може да биде предизвикана од некоја васкуларна повреда, како, на пример, мозочен удар или болест на малите крвни садови на мозокот. Високиот крвен притисок, од друга страна, може да ги зголеми ризиците за срцеви заболувања, откажување на бубрезите и за мозочен удар. Покрај ова, сè повеќе истражувањата укажуваат дека високиот притисок може да ги зголеми и ризиците за деменција подоцна во животот.
Но, потенцијално сложената врска помеѓу високиот крвен притисок и деменцијата сè уште се испитува. Така, едно неодамнешно истражување врз 9300 испитаници во времетраење од 5 години покажа дека намалувањето на крвниот притисок не носи автоматски и намалување на ризикот од деменција. Сепак, со негово намалување кај учесниците бил намален ризикот за нарушувања на когнитивните функции.