Истражувачкиот тим од КАИСТ (KAIST – Korea Advanced Institute of Science and Technology) развива модуларна технологија за дисплеј заснованa на текстил a наменетa за уредите за носење, т.н. веараблс (wearables). Дисплејот ќе може да се пере и нема да има потреба од надворешен извор за напојување на енергија. Со овој потег се избегнуваат проблемите врзани со надворешни извори за напојување, а истовремено се постигнува и поголема практична примена за веарабл уредите.
За да се намалат проблемите поврзани со користење на надворешни извори на енергија, а со тоа и подобрување на практичноста на дисплеите погодни за носење, професорот Кјунг Кеол Чој (Kyung Cheol Choi) од Факултетот за електротехника при КАИСТ и неговиот тим, изработија дисплејни модули на вистински текстил со вградени полимерни соларни ќелии и органски ЛЕД диоди (OLED).
Полимерните соларни ќелии се покажаа како еден од најдобрите кандидати за следната генерација на напојувања. Тие се особено за погодни за апликации за веарабл и за оптоелектронски уреди, бидејќи обезбедуваат стабилно напојување без потреба од надворешен извор на енергија. Имајќи предвид дека потрошувачката на OLED диодите се мери со миливати, се чини дека комбинирањето на овие две технологии е неминовно. Од друга страна, пак, OLED се чувствителни на влијанието на околните услови, како, на пример, влагата и оксидацијата, па затоа за сигурно функционирање на ваквите уреди потребна е т.н. капсуларна бариера.
Во нормални средини, работа врши и конвенционалната капсулациска бариера, но во услови на изразена влажност, таа ги губи своите карактеристики. Оваа можност длабоко влијае на начините на примена и сферите каде веарабл дисплејот со ваква заштита може да се примени.
За справување со овој проблем тимот употреби капсулациска бариера што може да се пере, направена во тенкослојна техника од т.н. атомски тенкослоен нанос (ALD – Atomic Layer Deposition) со спин-облога, која ќе го заштити уредот за тој да ги задржи неговите карактеристики дури и при машинско перење со центрифугирање.
Уредот не покажал влошување на карактеристиките во текот на 30 дена, дури и откако било подложен на свиткување и на 20 перења. Имајќи предвид дека при конструкцијата е употребен текстил производи, наместо стандардно употребуваната пластична подлога кај конвенционалните електронски уреди, истражувачите веруваат дека оваа технологија може да ја забрза комерцијализацијата за верабл уредите. Уште поважно е што овој електронски уред ја штеди енергијата со тоа што употребува систем со независно, автономно напојување.