Министерството за информатичко општество и администрација ја објави работната верзија на Националниот оперативен бродбенд план.
Како земја кандидат за членство во ЕУ Македонија има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ. Ова значи дека националната броадбенд стратегија треба да биде усогласена со стратешките цели на иницијативата Digital Agenda for Europe1 на ЕУ и стратегијата Gigabit Society2 for 2025 на ЕУ, а притоа треба да се имаат на ум и препораките и регулативата на ЕУ за развојот на следните генерации бродбенд (широкопојасни) мрежи, препораките за користење на државна помош за развој на бродбендот, стратегијата на ЕУ од 2018 година за проширување со земјите од западен Балкан3 , извештаите на ЕУ за развој на бродбенд пазарите, извештаите од меѓународни институции за развојот на електронските комуникации во регионот, извештаите и искуството од земјите членки на ЕУ во користењето на државна помош за развој на бродбендот, итн.
За подготовка на овој документ Министерството за информатичко општество и администрација во почетокот на јануари годинава формираше четири работни групи: – работна група за обезбедување на подобра координација на процесот на мапирање на територијата на РМ со постоечките и идните планирани широкопојасни мрежи од операторите;
– работна група за утврдување на слободните капацитети и нивното идно користење кај веќепостоечките електронски комуникациски мрежи и средства изградени со јавни средства;
– работна група за утврдување мерки и активности коишто се потребни за воведување на 5G мобилна технологија; и
– работна група за утврдување на предлог мерки за поттикнување и зголемување на интересот на граѓаните за користење на широкопојасен интернет.
Во работните групи учествуваа преставници од државни органи и тела, регулаторни тела, универзитети, општини, оператори, стопански комори, јавни претпријатија, приватни компании и други. Притоа, за подготовка на Националниот оперативен бродбенд план беше добиена и TAIEX техничка помош.
Националниот оперативен бродбенд план како наследник на Националната стратегија за развој на следната генерација широкопојасен интернет ги утврдува националните бродбенд таргети што треба да се достигнат во идниот период и ги утврдува меркитењ и активноститете коишто треба да се преземат за нивно достигнување. Целите во Националниот план се потцртани во следниве точки:
– До крајот на 2021 година најмалку еден голем град (Скопје, Битола, Тетово, Куманово или Прилеп), да биде покриен со 5G сигнал.
– До крајот на 2025 година автопатите и магистралните патишта во државата утврдени од страна на Агенцијата, да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал.
– До крајот на 2027 година најмалку 50% од вкупниот број на претплатнички договори на домаќинствата во цела држава, да бидат за пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.
– До крајот на 2027 година сите урбани средини да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал.
– До крајот на 2029 година секој да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.
– До крајот на 2029 година сите домаќинства во РМ по прифатлива цена да имаат можност за пристап до мрежа која овозможува брзина за download од најмалку 100 Mbs со можност за надградба на гигабитна брзина;
– До крајот на 2029 година, сите јавни институции (училишта, универзитети, истражувачки центри и други образовни институции, здраствени установи, министерства, судови, локални самоуправи и други државни органи и тела,), да имаат симетричен пристап до интернет со брзина од најмалку 1Gb/s;
Целиот стратегиски план може да се најде тука
Работната верзија на документот е планирано да биде испратена и до Европската Комисија, за нивни коментари и забелешки, по што ќе се пристапи кон финализирање на Националниот оперативен бродбенд план.