Еден нов вид ултратенки транзистори направени од дијамант можат да ја подобрат ефикасноста на ракетните мотори во услови на висока радијација, велат нивните пронаоѓачи.
Употребата на дијаманти за создавање дводимензионални полуспроводници е жешка тема во сферата на електрониката, поради нивните физички, електронски и температурни својства. Сепак, пронаоѓањето соодветен дополнителен материјал со којшто ќе може да се манипулира спроводливоста, којашто е клучна за нивната работа, се покажа како особен предизвик.
Една класа на материјали, познати како преодни металоксиди (ПМО) во моментов е во фокусот на истражувањата. Но, голем дел од овие материјали, како на пример молибдениум трихидроксид, покажуваат лоши својства при високи температури или, пак, се премногу чувстителни при производната обработка.
Ова не го спречи научниот тим на Националниот универзитет на Австралија успешно да ги реши овие проблеми со внесување водородни врски во молибдениум трихидроксидот. На овој начин тие добиле мазен, хомоген и ултрастабилен ПМО.
Уште на почетокот на 2011, Лабораторијата за електроника и структури на нанониво на Политехничката школа во Лозана, во Nature Nanotechnology објави труд којшто укажа на карактеристиките на молибденитот и на неговата предност над силициумот и графенот, традиционално употребувани материјали кај електронските компоненти.
Дијамантските транзистори, коишто сè уште се во фаза на концепт, би требало да се покажат како неверојатно трајни и, барем теоретски, би биле способни да ги “преживеат” врелите средини со голема радијација.
Според лидерот на тимот, Зонгју Јин, “Кога се во прашање перформансите и трајноста, дијамантите се совршен материјал за употреба кај транзисторите што треба да го поднесат бомбардирањето на космичкото зрачење во вселената или екстремната топлина што се создава кај автомобилските мотори.”
Покрај нивната примена во авиоиндустријата новите полуспроводници можат наголемо да се применуваат и кај потрошувачката елетроника – во оптоелектрониката, фотониката, фотоволтаиците, фотокатализата и сензорите, со што се чини дека големиот пазар и пласман се загарантирани. Според Јин, производството на големо и примената на дијамантските транзистори би можеле да почнат во наредните три до пет години.
Откритието е објавено во научниот журнал Science Advances.
Уште на почетокот на 2011, Лабораторијата за електроника и структури на нанониво на Политехничката школа во Лозана, во Nature Nanotechnology објави труд којшто укажа на карактеристиките на молибденитот и на неговата предност над силициумот и графенот, традиционално употребувани материјали кај електронските компоненти.