Емитер 9-10/2016.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Познато ни е дека молњите се електрично празнење помеѓу различно наелектризирани облаци или помеѓу некој облак и земјата, и дека вообичаената слика на молњата наликува на краткотраен блесок во облик на искршена линија. Меѓутоа, во некои случаи се појавуваат посебен тип молњи со чуден, топчест облик (топчеста молња), кои имаат подолго времетраење од неколку секунди, време во кое огнената топка “шета” во просторот натаму-наваму сè додека не исчезне. Физичарите сега имаат објаснување како таа настанува!
Дека молњите се електричко празнење помеѓу различно наелектризирани облаци или помеѓу некој облак и земјата, околу тоа нема дилема меѓу физичарите, меѓутоа околу причината за тоа како настанува различното наелектризирање на облаците, физичарите с# уште не ги усогласиле наполно своите ставови. Сепак, најистакнатото објаснување е дека различното наелектризирање на различните атмосферски слоеви е еден од резултатите од глобалното кружење на водата, коешто во основа вклучува два процеса: евапорација (испарување) и кондензација на водата.
Меѓутоа, во некои ретки случаи се појавува и друг тип електрично празнење (молња), т.н. “топчеста молња” таа се разликува од, да ги наречеме, “нормалните молњи” – има подолго времетраење од неколку секунди и невообичаен облик налик на светлечка огнена топка, која може да “шета” натаму-наваму низ просторот, додека не исчезне! Физичарите немаа објаснување за тоа како настанува овој тип молњи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.