Јасно е дека долговечноста не може да биде само последица на едно нешто, а одговор на ова прашање научниците се обидуваат да најдат низ вековите. Како и да е, единственото со кое сите се согласни е дека долговечноста е последица или резултат на повеќе фактори кои можат да влијаат на продолжување на животниот век на луѓето.
Во истражувањата научниците дошле и до заклучок дека некои жители на планетата живеат подолго од други, и тоа во одредени региони! Особено, биле издвоени жителите на грчкиот остров Икарија, кои во просек имаат помеѓу 66 и 91 година, а во последно време научниците долгиот живот на овие луѓе го поврзуваат со пиењето на нивното "домашно" црно кафе, некаква мешавина од цикорија, 'рж и слануток. Островот спаѓа во т.н. "сина зона" во која спаѓаат земји каде šшто луѓето живеат подолго од 90 години. Една студија од 2011 година објавена во списанието "Кардиологија, истражувања и практика" (Cardiology Research and Practice), покажала дека можеби кафето има некакво влијание, но нивната долговечност се должи на постојаната физичка активност, здравата исхрана и сиестата (пладневен одмор), кој помага за ублажување на последиците од стресот.
Дека, "сината зона" вклучува само стогодишници, но не и рецепти за нивната долговечност, потврдува состојбата на Окинава, каде што меѓу 100 000 жители има 50 стогодишници, а за нив не е утврдено дека пијат "домашно" црно кафе. Истражувачите ги проучувале локалните деветстотини стогодишници, со цел да ги откријат клучните фактори за нивниот долг животен век. Слично како во истражувањата спроведени на Икарија и овде тие утврдиле дека не се работи само за еден фактор. И овде жителите водат активен живот, храната е претежно од зеленчук и производи од соја, и речиси никогашš не се прејадуваат, затоа šшто правилата на "hara Hachi Bu" велат дека треба да се јаде додека не се задоволат 80 проценти од потребата за храна.
Исто така, во нивната филозофија на животот постои терминот "ikigai", кој се однесува за поседување на смислата на животот. На некој начин, тоа значи дека секој од нив верува дека животот има многу повисока цел и подлабоко значење отколку само да се трча по задоволства и храна! Според истражувачите, ефектите од "ikigai" всушност можеби го намалуваат и ризикот од предвремена смрт бидејќи здравиот ум и дух го одржуваат и телото во здрава кондиција.
Но, Марио Гарет, професор по геронтологија во Универзитетот Сан Диего, вели дека едно и исто правило важи речиси во сите локации каде што живеат стогодишници, а тоа е постојаната физичка активност и здравата исхрана.
Интересно е дека во сите овие земји, луѓето имаат чувство на припадност кон групата.
"Ако долговечноста не е заради таквото општество во кое луѓето не се чувствуваат отфрлени, стогодишниците би ги имало насекаде, на многу локации во целиот свет. Зачи, луѓето живеат многу подолго ако не се исклучени од секојдневните општествени активности. Во повеќето други општества луѓето се отпишуваат порано, веднашš šштом ќе достигнат одредена возраст. Дури и во Корзика, каде šшто луѓето не се толку отворени кон другите, имаат чувство на заедница. Тоа е она šшто ги поттикнува да живеат многу подолго", – вели тој.
Научникот Батенер, пак, укажува дека не постои единствен рецепт за подолг живот. Наместо да бараат рецепт, луѓето треба да направат повеќе мали промени во животниот стил.
Понекогаш и една работа може да биде доволна, на пример, да престанете да пушите или да не консумирате алхохол, или да спиете доволно, а тоа да биде позитивен фактор за да живеете подолго.
"Секој истражувач кој ги истражува причините за долговечност тешко дека ќе може научно да измери што и колку влијае на должината на животот, но заклучокот е дека за да живеете подолго, треба да бидете позитивни и одмерени. Сепак, јас се осмелувам да кажам дека намќорите имаат покус животен век од оние другите", – вели тој.