Генерации на ѕвезди можат да се видат на овој портрет направен во инфрацрвеното набљудувачко подрачје од страна на Спицеровиот телескоп на НАСА. Во областа за формирање на ѕвезди, едноставно означена со W5, најстарите ѕвезди можат да се забележат како сини точки во чистиот простор во центарот на двете празнини (другите сини ѕвезди коишто може да се забележат околу нив се наоѓаат пред или зад овие објекти и немаа врска со W5). Помладите ѕвезди ги исполнуваат надворешните граници на шуплините и можат да се идентификуваат како светли точки на врвовите од столбовите. Белите делчиња во вид на јазли се областите на формирање на најмладите ѕвезди.
Како и кај другите региони каде има формирање на масивни ѕвезди, какви што се и регионите Орион и Карина, W5 содржи големи шуплини коишто се направени од радијацијата и ветровите емитувани од најмасивните ѕвезди во регионот. Според теоријата за започнување на ѕвездоформирањето, длабењето на овие празнини го набива гасот што предизвикува тој да експлодира во неколку последователни генерации на ѕвезди.
На оваа фотографија може да се забележат досега најдобрите докази за точноста на оваа теорија. Научниците преку анализа на оваа фотографија успеале да ја утврдат староста на ѕвездите прогресивно и систематски се намалува со оддалечување од центарот на празнините.