Научниците откриле дека при бременост кога се носат машки деца постои поголема можност за појава на компликации во текот на бременоста. Освен тоа, постои поголема шанса за предвремено породување. Разликите продолжуваат и во понатамошниот живот, бидејќи мажите се повеќе подложни на инфекции и послабо поднесуваат болести за разлика од жените. Исто така, жените поднесуваат повисоко ниво на болка, во однос на мажите. Професорот Марек Глезерман, експерт по медицина на половите, проучувал 66000 породувања во израелскиот "Rabin Medical Centre" во периодот помеѓу 1995 и 2006 година. Глазерман дошол до заклучок дека бременостите со машки фетус почесто биле комплицираани, а тоа се манифестирало и во подоцнежниот живот на машките бебиња.
- Мажите се познати по тоа што имаат пократок животен век, полесно се подложни на инфекции и имаат помали шанси да и се спротивстават на болеста отколку жените. Накратко кажано, мажите се послабиот пол, истакнува Глезерман. Освен тоа тој споменува дека мажите и жените се два различни вида на човечкиот вид и вообичаениот медицински пристап кој е еднаков за мажите и жените не е правилен, бидејќи им нанесува голема неправда и на двата пола.
Од друга, страна, пак, австралиски научник тврди дека ако трендот на намалување на генот во хромозомот Y (ипсилон) продолжи, "посилниот" пол би можел да исчезне!
- Ако нивните гени се собираат и исчезнуваат, мажите полека изумираат, тврди австралиската професорката Џенифер Гревјс, но постојат и некои пооптимистични сценарија во сето ова. Во предавањето "Пропаста и исчезнувањето на хромозомот Y и иднината на мажите", професорката Гревјс расправа за исчезнувањето на хромозомот Y и последиците за човештвото, се разбира, ако тоа се случи. Таа, која ги истражува човечките полови хромозоми тврди дека машкиот хромозом Y изумира и дека би можел целосно да исчезне за пет милиони години. Но, професорката Гревјс смета дека мажите би можеле да го следат примерот на некои глода :чи кои и натаму успеваат да се размножуваат иако немаат витални гени кои го произведуваат хромозомот Y. Гревјс смета дека во иднината би можело да се појави и нов вид човечки суштества! Хромозомот Y го има во себе генот CPS, кој влијае на развојот на тестисите и ги создава во што поголеми количини машките хормони кои се заслужни за машките карактеристики.
- Луѓето можат да се размножуваат партеногенетски, како некои гуштери, бидејќи некои витални гени неопходно е да дојдат од мажите, - вели таа.
- Но, добрата вест е дека одредени видови глодачи го немаат хромозомот Y ниту генот CPS, но и натаму се размножуваат. Некој друг ген ја презел неговата улога, а би сакале да знаеме за кој ген се работи - вели Гревјс, професорка од Австралискиот национален универзитет во Канбера.