Истражувачите од McGowen институтот за регенеративна медицина во Питсбург успеале да произведат мултифункционален полимер со одлични и неверојатни својства. Станува збор за материјал кој може да деконтаминира токсини од биолошко и хемиско потекло опасни за човечкиот организам. Еве во врска со овој полимер што изјавил д-р Алан Расел (d-r Alan Russell) водечки истражувач во овој проект, а воедно и универзитетски професор по хирургија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург:
– Лабораторијата по правило произведува материјали наменети само за една намена, со точно одредена функција. Ваквиот пристап не може да понуди најдобро решение во случај на напад со оружје за масовно уништување. Таквото оружје, како што е познато, може да биде биолошко, како што се, на пример, вирусите на некои заразни болести, или хемиско, како што е, на пример, саринот, нервниот отров. Во случај на вистински напад, напаѓачот нема да најави преку медуимите со каков тип на оружје ќе нападне. Од овој факт произлезе потребата за создавање и на еден единствен материјал кој може да го неутрализира дејството и на биолошко и на хемиско оружје, на брз и ефикасен начин за широка примена. Материјалот би требало да биде едноставен за користење, пренослив, но исто така не би требало да има негативно дејство на околината. Создадениот полимер ги задоволува сите овие барањата.
Значи, д-р Расел и неговиот тим создале полимерско влакно кое содржи ензими кои излачуваат бром или јод, материјал кој има антибактериско својство. Истиот материјал испушта и хемикалии кои произведуваат соединенија за неутрализација на органофосфатни нервни отрови. Од овие влакна би се создавал мрежест материјал во вид на сунѓер, покривки, како и спреј. Исто така овој материјал, полимер, би можел да се користи и за изработка на завој за рани. Во текот на тестирањето материјалот успешно ги елиминирал бактериите, S. Aureus и E. coli кои припаѓаат на различни класи, а во тек на 24 часа 70% бил неутрализиран нервен отров кој ги инхибира виталните функции на организмот. Интересно и посебно добро е што антибактериското и антитоксичното дејство меѓусебно не си пречат. Истражувачите своето откритие го објавија во списанието "Biomaterials".
Коментар: браво за пронаоѓачите, ама нивниот пронајдок да не ни затреба НИКОГАШ!