Дека стресот влијае врз нашето психичко и физичко здравје не е никаква тајна, но како да се заштитиме од сето тоа? Лековите се хемиски супстанци кои делувајќи нешто лечат, но нешто и расипуваат. Впрочем и затоа се мерат во милиграми или во капки!
Научниците тврдат дека стресот влијае на клеточно ниво, кога нашето тело е изложено на загадување од чад од тутун, бактериски токсини и слично. Нападнати од овие "непријатели" кај клетките се јавува стресна состојба. Тогаш, велат тие, треба да се реагира за клетките да преживеат и да се одржи нивната нормална функција. Во најлошото сценарио и дури нешто подоцна, стресот може да доведе до развој на болести. Истражувачите од групата на Д-р Клаус Хансен од Универзитетот од Копенхаген, твдат дека надворешните фактори кои предизвикуваат стрес, тоа го прават преку контрола на нашите гени.
"Откривме дека стрес-активирачки фактори можат да ги контролираат нашите гени со делување врз нивната активност, односно одреден број на гени се пасивизираат или се замолчени. Кога делуваат стрес факторите кај бремена жена, нападнатите гени се поделуваат на две групи: некои гени се за пореметување на нормалните процеси, а други се исклучиво за да се обезбеди нормален развој на фетусот и правилно функционирање на нашите клетки во подоцнежниот живот", вели Д-р Хансен. Неговиот тим открил дека со изложување на човечките клетки на материи кои предизвикуваат стрес, во одредни случаи дури се постигнува потполно замолчување на гените. Така, тие остануваат неми на случувањата, односно воопшто не реагираат. Дури и кратките термини во кои тие се замолчени и неактивни можат да бидат катастрофални за време на феталниот развој. Свртувањето на генетската активност во пасивност, исто така може да има последици и во возрасно тело. Истражувањето на групата на Д-р Хансен е посебно заинтересирана да го открие и разбере начинот на кој нашите гени се вклучуваат и исклучуваат под дејство на хормоните на стресот. Нивните најнови резултати покажуваат дека често пати, со цел да се заштитиме од надворешните фактори кои предизвикуваат стрес, во таа борба се губат одредени гени. Тие исто така откриле дека со додавање на одредени заштитни комплексни супстанци би можеле да се неутрелизира штетноста на надворешните фактори, а притоа да остане неоштетен генетскиот код. Тие комплексни хемиски супстанци би можеле да ја контролираат активноста на нашите гени кога ќе бидеме нападнати од фактори кои предизвикуваат стрес, односно не би дозволиле замолчување и пасивност, ниту пак губење на одредени гени.
Како и да е, што подалеку од стресот, поготово кога причинител за истиот е некој надворешен фактор како што е чад од цигари, алхохол, храна со пестициди и друго, заради вас самите, но и заради здравјето на идните поколенија.