Потрошувачите во САД годишно конзумираат петнаесет милијарди литри вода во шишиња, во вредност од единаесет милијарди долари. Во САД, водата во шишиња не значи минерална вода, па дури ни "чиста изворска" вода, која е поквалитетна и побезбедна од водата во градскиот водовод. Според истражувањата на Советот за одбрана на националните ресурси (National Resources Defense Council), 22 проценти од испитуваните марки на вода во шишиња содржат, барем во еден примерок, супстанци кои ако се конзумираат подолго време можат да предизвикаат здравствени проблеми. Фактот дека квалитетот на водата од славина е ист со водата од шишиња го потврдува признанието на компанијата ПепсиКо (PepsiCo), која при крајот на јули признала дека нејзината вода во шишиња Аквафина (Aquafina) во стварност се полни од градскиот водовод.
Според проценките на весникот Њујорк тајмс (New York Times), просечно американско семејство кое пие вода од шишиња, годишно може да потроши до 1 500 долари, а доколку истото семејство пие вода од чешма, ќе потроши помалку од половина долар.
Друга негативна страна на водата во шишиња се самите шишиња. Во САД годишно се трошат 1,5 милиони барели нафта за добивање пластични шишиња и многу повеќе нафта за нивно транспортирање. Барем за господинов на сликата, кој очигледно се занимава со рециклирање на пластика, шишињата се сигурно од корист ;-).