Емитер 2/1995.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Секој момент низ сите можни медиуми за комуникација што ги користи човекот "протекува" енормен број сигнали кои претставуваат информации. Се пронаоѓаат посовремени начини, при што се стреми да се добие што поголем квалитет и брзина на преносот за, се разбира што помала цена. Како поквалитетни и поперспективни може да се сметаат светловодите. Преносот на информации преку нив се смета за еден од најквалитетните, па и покрај не многу ниската цена, на тоа поле се вршат се поголеми усовршувања (како пример е пронаоѓањето на пластичните светловоди). Во овој текст нашето внимание ќе биде насочено кон самите испраќачи на информациите низ светловодите, односно ласерските диоди кои низ тој единствен ласерски зрак што ќе го лансираат во светловодот пренесуваат огромен број на информации. Но, да започнеме отпочеток...
Како фундаменти на развојот на оптичките системи можеме да ја земеме оптоелектрониката и ласерската техника. Нивниот развој овозможи втемелување на нови потсистеми; пренос на информации низ оптички медиуми и оптички интегрирани кола (ОИК). Отпрвин да укажеме на некои карактеристики на ласерската техника. Периодот на "детството" на ласерската техника траел подолго од една декада. За ласерската емисија може да се каже дека поседува специфични особини, бидејќи тие не можат да се остварат со помош на други извори на светлост; кохерентност, монохроматичност, добра концентрираност на снопот и голема густина на оптичката моќност на млазот од фотони.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.