Емитер 12/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Кога имате проблем со хардверот на вашиот компјутер, не е секогаш лесно да се определи за кој и за каков проблем се работи. Затоа, софтвер што може да изврши детекција и тестирање на хардверот е одлично решение во ваква ситуација. Постојат разни софтверски решенија коишто ви стојат на располагање, некои од нив и бесплатни, но не се сите доволно добри и прецизни при проверката. SiSoftware Sandra 2014 претставува одлично парче софтвер, коешто има долгогодишна традиција и секој оној што сериозно се занимава со оваа проблематика мора да го има.
SiSoftware Sandra 2014 (System ANalyser, Diagnostic and Reporting Assistant) е програмски пакет којшто дава информации, но и дијагностика за хардверските компоненти. Како и повеќето програмски пакети со слична намена, SiSoftware Sandra 2014 постои во повеќе верзии, и тоа: Lite, Personal, Business, Tech Support и Enterprise.
За разликата меѓу наведените верзии, можете повеќе да прочитате на официјалниот сајт на компанијата SiSoftware, www.sisoftware.net. Верзијата Lite е слободна за преземање додека другите се комерцијални и за нив треба да се плати соодветна надокнада.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.