Рубрика: Електроника
За ознаките EMC, LVD, и CE
Автор: Миле Серафимовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На електричните уреди, кои ги користиме за домашна употреба, се среќаваат ознаки кои на многумина им се нејасни. Секој претпоставува дека се работи за задоволување на некакви стандарди или препораки. Значењето на тие ознаки може да внесува делумни неразбирања и конфузии; овде ќе бидат изнесени некои сознанија кои веројатно барем малку ќе помогнат во расчистување на поимите.

Пред 1985 година во многу земји во рамките на EEC (тогашната Европска економска заедница) постоеја многу различни технички стандарди што неповолно влијаеше на меѓусебната размена на електротехничките стоки. Едноставно, тоа значеше дека производите од една земја не можеа легално да се продаваат во друга, што не беше целта за постоењето на Заедницата. За да се надмнине оваа наследена состојба, државите-членки започнаа со оформување Директиви направени со цел да се надминат овие технички бариери заради слободна трговија, да се унапреди единственоста во заштитата на потрошувачите и владеењето на безбедносните правила насекаде низ единствениот пазар. Овие директиви постепено ги заменуваа различните национални регулативи со заеднички правила и запазување на основните барања за заштита. Повеќето земји во EEA/EFTA (трговски организации) надвор од Европската унија исто така имаат слични регулативи.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.