Емитер 5/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
На 10.5.2012 г., во хотелот Континентал скопската фирма AVC Grup која е официјален претставник на реномираниот производител на професионална опрема, Sony, организираше презентација на новите модели и достигнувања на компанијата Sony во доменот на ТВ-техниката. На презентацијата беше присутна и компанијата Canon со своите врвни и квалитетни објективи. Во овој осврт, накратко ќе ви презентираме што сè беше претставено на овој настан, а секако, како и досега, очекувајте подетални прикази и тестови на оваа професионална опрема во некој од наредните броеви на ЕМИТЕР.
Производите на Sony не им се непознати на читателите на ЕМИТЕР бидејќи на страниците на ЕМИТЕР честопати има написи за нив. Исто така многу телевизии и телевизиски студија и екипи се опремени со опрема на Sony. Од тие причини презентацијата е убав настан и треба да ги има што почесто.
На оваа презентација меѓу изложената опрема доминираа камери и камкордери. Тоа не е случајно затоа што Sony отсекогаш бил еден од најголемите и најдобрите производители на опрема од овој вид, но и секогаш бил еден чекор понапред. Производите на Sony кои беа изложени, а и воопшто, се производи со одлични перформанси и со цени соодветни на квалитетот, но сепак пристапни за оние што би сакале да ги набават. Во присуство на технички лица од речиси сите телевизии во државава, презентерот Драган Лазиќ (Sales Manager SONY Professional) одлично ги претстави сите новини од Sony, а Керин Фоук (Karine Fouque - Sales & Marketing Professional EMEA CANON Broadcast Products Division) се погрижи за Canon производите. Присутните имаа убава можност и лично да ги испробаат поставените експонати во салата со што доживувањето беше комплетно.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.