Рубрика: Физика
Наградата "Најмлад научник за 2011 година" за м-р Трифче Сандев
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Минатиот месец по втор пат се додели наградата "Најмлад научник", признание востановено минатата година од Претседателот на Републиката, д-р Ѓорге Иванов. Оваа година со признанието се закити м-р Трифче Сандев, автор на значајни научни трудови објавени во меѓународни научни списанија. Направивме кратко интервју со м-р Сандев, во кое го замоливме да ни даде повеќе детали околу неговата научна работа.

На 20 март, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на свечена церемонија во преседателската Вила Водно го додели признанието "Најмлад научник". Носител на признанието за 2011 година е м-р Трифче Сандев, автор на многубројни научни трудови објавени во престижни светски научни списанија од областа на физиката и применетата математика. Во поздравниот говор, Претседателот Иванов истакна дека оваа година пристигнаа повеќе пријави отколку минатата година, што јасно го покажува зголемувањето на интересот за ова признание, а според анализата на пристигнатите научни трудови се констатира напредок, како во квантитативна смисла така и во квалитативна. Честитајќи му на м-р Сандев за признанието, претседателот Иванов нагласи дека особено го радува фактот што овој млад научник своето образование целосно го има стекнато во домашните образовни институции, живее и работи во Република Македонија и тоа е доказ дека и кај нас може да се создаваат врвни научни достигнувања.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.