Рубрика: Електроника
Временски склоп 555
Автори: Игор Николовски, Васил Петрушевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој текст ќе биде опишано колото 555. Ова коло е наменето за постигнувања на временски задршки започнувајќи од микросекунди па до неколку часови, како стабилен осцилатор со точна фреквенција, како генератор на поворка на најразлични дигитални импулси и друго. Ова се само најосновните негови примени. Во овој текст се одбрани четири примени на 555 со кои авторите сметаат дека детално ќе го опишат ова интегрално коло.

Основни карактеристики на колото се: TTL компатибилен излез, максимална излезна струја од 220mA, астабилна или моностабилна примена, можност за контролирање на односот импулс-пауза, напон за напојување од 5 до 15V. 

Ова интегрално коло може да се најде под најразлични ознаки, како на пример: MC1555, LM555, UA555, SE555, SA555, NE555. Исто така е достапна и CMOS верзија (IC7555) која е пинкомпатибилна со 555 верзијата. Колото е сместено во класично DIP8 куќиште и може да издржи дисипација до 600mW.

Во овој напис ви даваме неколку предлог апликации со ова коло: 
• Астабилен мултивибратор,
• Моностабилен мултивибратор,
• 555 како модулатор на позиција на импулсот, и
• DC\DC конвертор

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.