Рубрика: Уводник
Учествувајте на нашиот Конкурс за проекти од областа на електрониката
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во моментот додека ги пишувам овие редови и го предаваме на печатење овој број на ЕМИТЕР остануваат само уште пет дена до завршување на нашиот Конкурс за проекти од областа на електрониката што го објавивме во летниот двоброј а го повторивме во броевите 9/96 и 10/96. Од првото објавување до сега поминаа скоро четири месеци а во нашата редакција пристигнаа само неколку пријави од кои некои се некомплетни. Сепак, според телефонските најави, се надеваме дека во наредните денови ќе добиеме уште неколку проекти кои ќе придонесат овој Конкурс да биде поуспешен а на редакцијата ќе и влејат оптимизам за преземање на вакви и слични акции и во иднина.

Како што веќе забележавте ЕМИТЕР има делумно изменет графичко технички дизајн што го направивме во соработка со компјутерското студио “Point +”. На ова поле ќе работиме и во следните броеви па во таа насока добредојдени ќе бидат и вашите сугестии. Главен уредник, Слободан Таневски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.