Рубрика: Аудио и видеотехника
Steve Albini - аудио инженер и анти-продуцент
Автор: Бојан Угриновски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кај многу помлади и помалку искусни продуценти и аудио инженери присутни се најразлични предубедувања во врска со аудио снимањата. Поради тоа интересно е да ги дознаеме искуствата на познатиот аудио инженер Steve Albini.

Steve Albini е веројатно еден од најзафатените луѓе во аудио индустријата. Покрај тоа што е лидер на групата Shellac и работи со десетина бенда во студио, тој успеа во минатата декада да сними околу 55 албума. Познат е по тоа што работеше на албумите на Nirvana, Pixies, PJ Harvey, но најголем дел од времето го поминува работејќи со непознати алтернативни групи насекаде низ светот.

Работата на последниот албум на Nrvana, In Utero, го доведе Albini во светот на големите инженери и продуценти, иако тој самиот вели дека ќе продолжи да работи со било кој за кого тој мисли дека вреди нешто и во било какви услови кои ќе се покажат како поволни.

За неговата работа тој, меѓудругото, ќе каже: "Важна работа е да се одржува стандардно ниво на квалитет. Нивото на критериум не треба да се снижува за да се направи животот на луѓето од студијата и производителите полесен, Ако варате квалитет на секое ниво на крај некој и ќе ви го обезбеди. Ако завршите добра работа луѓето ќе ве паметат по неа, а не по користа која ќе ја имате од неа. Сфатете го тоа сериозно."

Бонус видео: 20 години подоцна – интервју со Стив Албини снимено во 2019 година
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.