Емитер 7-8/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Без разлика за кој дел од аудио индустријата станува збор, постои еден производ кој секаде е присутен и баран, а тоа е компакт касетата. Без оглед на нејзината содржина таа е присутна во секој сегмент од процесот на создавање на аудио производот. Почнувајки од демо снимките и грубите миксови па сé до конечниот производ масовно умножен и наменет за продажба. Од тука се наметнува проблемот за брзо и квалитетно умножување на поголема количина на касети. За таа цел секое студио поседува, зависно од потребите и по некој уред за снимање и умножување на касети. Секако, не може а да не се спомене и пиратското умножување и продажба на касети со попатно заобиколување на авторските права, даноците и.т.н., принцип кој не е легален, но “легално” функционира. Како и да е сето тоа создава потреба од уреди за умножување на касети.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.