Рубрика: Еурека
Признанието "Најмлад научник за 2010 година" за м-р Никола Златанов
Автори: Владимир Филевски, Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дваесет и осумгодишниот научник м-р Никола Златанов е добитник на престижната награда "Најмлад научник" за 2010 година, награда востановена лично од Преседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Екипата на ЕМИТЕР беше на лице место, во резиденцијата на Претседателот, на самото доделување на оваа награда, а направивме и едно ексклузивно интервју со добитникот на признанието.

На лична иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се востанови годишното признание "Најмлад научник", како награда за врвни научни достигнувања постигнати од млади македонски научници до 30-годишна возраст. Признанието предизвика голем интерес, па на објавениот јавен повик беа пријавени 17 млади научници, сите со многу вредни научни трудови објавени во најелитните светски зборници на научни трудови. Во ваква силна конкуренција петнаесетчлената комисија, составена од претставници од факултетите, МАНУ и од бизнис-секторот, имаше тешка работа да го избере најдобриот, но сосема заслужено ова престижно признание го доби м-р Никола Златанов.
М-р Никола Златанов е роден во 1983 година во Струмица, дипломирал во 2007 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, а магистрирал во 2010 година. Од 2008 до 2010 година бил вработен во МАНУ, а од септември 2010 е докторант и асистент-истражувач на Одделот за електротехника и компјутерско инженерство на Универзитетот на Британска Колумбија (UBC) во Ванкувер, Канада. Таму, од Универзитетот ја добил најпрестижната награда (стипендија) која се доделува на докторанти – UBC Four Years Doctoral Fellowship.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.