Емитер 2/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
"Очекувајте го неочекуваното" е максимата која минатите години го следи најголемиот саем на потрошувачка електроника – компјутерски системи и компоненти, компјутерска галантерија, мрежна и аудио/видеоопрема и уреди за телекомуникација - CES, кој традиционално се одржува веднаш по новогодишните празници во Лас Вегас. И, како и досега, се покажа како точна – и овогодишниот саем изобилуваше со новитети и промоции на технологии кои ја покажаа иднината на аудио/визуелното секојдневје, симбиозата на телекомуникациите со мултимедијата, мрежното поврзување и интернетот, но и со сä уште актуелната "класика" која не само што добро се држи туку и се подобрува.
За значењето на CES е излишно да се трошат зборови. Бројките се тие кои говорат сè - овогодишниот CES постави неколку нови рекорди: 140000 индустриски професионалци беа присутни, од кои 30000 беа дојдени од прекуокеанските земји, потоа 22 CEO (извршни директори, менаџери), 80 странски делегации, претседатели на владата на САД и околните држави и странски амбасадори, а 2700 фирми-излагачи зедоа учество во манифестацијата. Во време кога сè уште се чувствуваат последиците од глобалната криза, ова се фантастични резултати.
Од самиот почеток, 1967 година, фокусот на CES беше врз хардверот. Технологиите кои ставија белег на своите времиња – видеорикордерите, CD плеерите, првите модели на плазма ТВ, на пример, свои премиери доживеаја токму на CES.
Овогодишните промоции и изложените модели јасно говорат: мобилните уреди сè повеќе се интегрираат во аудиовизуелното опкружување на корисникот и стануваат незобиколен детаљ. Дигиталната телевизија, особено 3D технологијата веќе се зрели за поширока употреба. "Паметните" телефони веќе не се само средство за комуникација – интернетот и можностите за поврзување со домашните PC системи и мрежи ја проширува нивната практична употребливост до таа мерка да се едноставно – неопходни.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.