Емитер 1/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Постарите читатели можеби се сеќаваат кога пред повеќе од 25 години за прв пат во Македонија во Скопје се прикажуваше филмот Ајкула 3Д во тогашното кино Вардар1. Екранот го премачкуваа со сребрена боја, а на влез ни делеа хартиени поларизациони црвено-зелени очила, сè со цел да може да го "фатиме" 3Д ефектот. Оттогаш помина многу време, а напредокот на 3Д техниката, ниту во кино прикажувањето, ниту на телевизијата никако да се случи. Најверојатно немаше добра понуда и економски интерес за тоа. Сепак, во последнава година, со развојот на ХДТВ, и со појавата на филмските бестселери во 3Д формат, како филмот Аватар и Monsters vs. Aliens, сè повеќе идниот развој на телевизијата се гледа во 3Д-то.
Холивудските филмски продуценти, по успехот на кино-благајните сè повеќе тврдат дека 3Д е кратенка од "Долари, Долари и повеќе Долари". Во Европа ситуацијата е малку поинаква, особено кога е телевизијата во прашање. 3Д тука, понекогаш стои за "Дилема" (3 пати), иако некои би сакале да стои за "Добро, поДобро и најДобро". Да видиме како се развива овој сегмент и што може да очекуваме во иднина.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.