Рубрика: Аудио и видеотехника
Усвирување на уредите – Per aspera ad astra
Автор: Милан Рупиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако гледаме на слушањето музика како на своевиден чин на уживање, очигледно е, како и на секое друго уживање, за на крајот навистина тоа да биде, дека треба да му претходи уходување, уигрување, со еден збор - предигра. Животот е преполн со примери за тоа: ѕвонестиот и раскошен глас на оперските примадони не би звучел ни приближно на она што го слушаме на сцената ако дивите не го "распејуваат" понекогаш и по цел час пред настапот, ни една машина нема да го даде својот максимум кога е ладна и неразработена, туку откако ќе поработи некое време и ќе ја постигне работната температура, спортистите времето непосредно пред натпреварот го поминуваат во загревање за на теренот да не се виткаат од грчеви или да не се повредат и сл. За значењето, пак, на предиграта во постигнување врвно задоволство во љубовниот чин напишани се повеќе книги отколку што било кога ќе бидат за hi-fi-то. Не е ни чудно - се знае што е поважно!

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина