Рубрика: Макетарство и моделарство
Слободно летачки модел ПП-2
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој модел е изработен како резултат на повеќегодишно искуство и изработка на воздухопловни модели. Наменет е за основна обука, рекреација , но покажа одлични резултати и на натпревари од општински и републички карактер. Според димензиите спаѓа во категоријата F-1-X (А-1) слободно летачки модели до 18 дециметри квадратни и минимална тежина до 212 грама согласно прописите на ФАИ (Меѓународна воздухопловна организација). При градбата се користени искуства на полуфабрикати, модели F-1-X (А-1), водејќи сметка да може да се изработува со организирани групи на моделари-почетници. Веќе десетина години со успех го изработуваат моделари на курсевите кои ги водам во организација на Народна техника - Битола и резултатите секогаш се присутни. Начинот на градба е класичен и овозможува секој да го изгради, со минимални средства. Во услови кога не постојат можности да се приклучите во некој клуб на Народна техника или Аероклуб, тогаш следејќи ги упатствата во понатамошниот текст ќе можете и сами да го изградите. За разлика од полуфабрикатите и кит комплетите, кај моделот ПП-2 сите делови мора да ги изработите сами.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.