Рубрика: Аудио и видеотехника
Мала музичка кутија Ротел RA-01
Автор: Ристо Даскалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сите бевме изненадени кога на преодот во новиот милениум фирмата Ротел (Rotel) го најави прекинот на производството на своите основни модели на интегрирани засилувачи. За познавачите ова претставуваше вистинска сензација особено ако се знае фактот дека Ротел својата висока репутација на европскиот пазар ја темелеше токму на овие модели и речиси да немаше конкуренција во оваа класа освен можеби од NAD и, одвреме навреме, од некои од далекуисточните производители. Сепак, не беше сè толку неочекувано. Во 1999 година по повод 25 години од своето постоење, Ротел ја лансира серијата со ознака 1000, која првенствено донесе на пазарот неколку излезни засилувачи и тоа беше се. Постепено беше надополнувана и ставаше до знаење дека не се работи само за јубилејна едиција, туку Ротел сè поагресивно почна да го пласира новиот имиџ базиран на поатрактивен дизајн, подобрен квалитет, нов концепт на звук и старата репутација која со години ја градеше. А, да….да не го заборавиме и фактот дека новата линија која внимателно ги заменуваше старите модели имаше речиси двојно повисока цена од своите претходници. Ротел го менуваше ритамот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.