Емитер 12/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Автомобил со прекрасен, спортски дизајн, исклучително забрзување, висока максимална брзина и кој за 100 изминати километри бара 30-тина денари?! Има ли таков? Да, има, и името му е Тесла, поточно, Тесла Родстер. Ова се случува токму во годината, која во чест на 150-годишнината од раѓањето на еден од најголемите, но и најконтроверзните научници во историјата на човештвото, е прогласена за година на Никола Тесла.
Производител на овој автомобил е компанијата Tesla Motors, во чест на славниот научник кој освен честа неговото име да биде дел од SI-системот, се здобива и со можност да биде многу почитувано име и во автомобилската индустрија. Седиштето на компанијата е во Силициумската Долина во Калифорнија, а формирана е пред три години, што значи дека толкав период бил потребен за да се подготви сериското производство на Tesla Roadster. Носител на целата идеја и човекот кој го започнал проектот е Мартин Еберхард, инаку електротехнички инженер и човек кој никогаш не се занимавал со конструирање на автомобил. Покрај него, меѓу останатите, во реализацијата на проектот се вклучени Лери Пејџ и Сергеј Брин од Google, како и основачот и косопственикот на PayPal системот за електронско плаќање преку интернет, Елон Маск. Така, Силициумската Долина ја добива и првата вистинска автомобилска компанија.
Куќиштето на трофазниот мотор. Роторот како единствен подвижен дел на моторот е произведен по најсовремена технологија од специјално изработен бакар.
Како типичен спортски автомобил Tesla Roadster е многу прагматично конструиран во согласност со нормативите за едно такво возило. Tesla Roadster е суперлесен автомобил развиен врз основа на моделот Lotus Elise и се карактеризира со каросерија изработена од јаглеродни влакна и шасија од алуминиум. Педигрето на британскиот автомобил е и повеќе од доволна гаранција за електричниот спорскиот првенец на компанијата Tesla Motors, се одликува со врвен спортски имиџ и врвни технички перформанси, кој во одредени сегменти бесрамно и потполно може да се носи и да ги надмине реномираните октански спортски автомобили. Покрај тоа, Tesla Roadster е опремен и со сета современа опрема за безбедност и комфор. Рентгенската слика ги покажува основните составни делови на Tesla Roadster.
Лево: На левата страна од управувачот е смесетен екранот на патниот компјутер на кој се прикажуваат параметрите од работата на моторот и на автомобилот; Десно: За еден изминат километар се доволни 0,11kWh. Полнењето на батериите трае три часа и е доволно за поминување на 400km
Смислата на менаџерскиот тим на Тесла Моторс во врска со промоцијата и маркетингот на автомобилот, најдобро се гледа од податокот дека првите 100 примероци беа понудени како колекционерска едиција, која по цена од 100 илјади американски долари веќе е разграбана од страна на многубројните заинтересирани. Официјалното сериско производство се очекува да започне следната година. Се предвидува цената на Tesla Roadster да изнесува околу 80 илјади долари што ќе зависи и од нивото на вградената опрема. Плановите на Тесла Моторс не застануваат тука. Веќе ги најавија своите идни проекти кои подразбираат промоција на уште поспортска верзија на Tesla Roadster, но и развој на поевтини модели за попрактични намени, а не е исклучено и производството на возила за транспортни потреби од типот на камион или автобус.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.