Рубрика: Телекомуникации
Напредни техники за еволуција кон 5G ерата
Автори: Бојан Младеновски, проф. д-р Тони Јаневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9-10/2016.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој труд ќе бидат презентирани клучните компоненти за следната генерација 5G мобилни мрежи. Наведените карактеристики се базираат на концептот user-centric во хетерогени безжични мрежи. Наведените механизми се применуваат во транспортната рамнина, во согласност со мрежите засновани на Next Generation Network all-IP.

Во моментов се наоѓаме во преодната ера од WCDMA (3G) мрежи кон OFDM (4G) мобилни мрежи и се очекува овој тренд да продолжи и во наредните неколку години. Експоненцијалниот развој на волуменот на податочниот сообраќај од година в година ни ја навестува вистинската слика за тоа каде би требало да го насочиме нашето внимание. Мобилната индустрија бара начин да одговори на овој предизвик што го наметнува модерното време на живеење, подразбирајќи економично одржлив капацитет и перформансна стратегија за проширување: како подобро покривање и супериорно корисничко искуство со глобално прифатлива цена. Исто така, од новите мобилни мрежи би се очекувало да донесат нови услуги, апликации, како и најважно, нови можности за подобрување на квалитетот на услугата кај крајниот корисник (QoE). Петтата генерација мобилни широкопојасни мрежи треба да биде еволуција на постоечките стандарди 3GPP LTE, како и на IEEE 802.15m што ни дава за право поголема слобода во изборот на областа во којашто ќе истражуваме и ќе донесуваме заклучоци, за во иднина можеби да станат подобрување во одреден дел од стандардот. Неколку трендови се очекува да бидат клучни двигатели на 5G, а верувам и многу други што допрва се развиваат.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.