Рубрика: Информатика
D/A конвертор
Автор: Страшо Блажевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако имате постар персонален компјутер, чија магистрала е од типот ISA, тогаш со малку пари и малку труд ќе можете да добиете одличен звук од вашиот компјутер. За да го направите тоа, покрај хардверот ќе ви биде потребен и соодветен софтвер. Еден таков едноставен програм е музичкиот програм Visual player. Ако сè уште не сте го набавиле, а и не познавате некој кој го има, ќе можете да го набавите преку BBS мрежата. Ако и тоа не можете, побарајте го од нас.

Овој програм во себе содржи повеќе од дваесет познати мелодии, и овозможува истите да ги репродуцирате преку приклучокот за штампачот (LPT1). Програмот ви овозможува и прикажување на подвижни слики додека слушате музика и исто така овозможува сами да компонирате музика при што можете истовремено да користите четири музички инструменти. Хардверот кој ќе ви биде потребен е еден едноставен D/A конвертор кој можете сами да го направите.

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.