Рубрика: Аудио и видеотехника
IBC 2010
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Оваа година IBC, една од најголемите изложби на видеоопрема во светот, се одржа во Амстердам. 1300 експонати на најпознатите и најреномирани компании ги виделе преку 49 000 посетители од 140 земји од сите континенти. Интересен е податокот дека оваа година бројот на посетители е втор по големина во историјата на IBC. За помладите, но и за оние кои не се сеќаваат IBC првпат се одржала во 1967 година во Лондон, а таа година ја посетиле само 60 посетителии. Од 1992 година се одржува во Амстердам заради потребата од изложбен простор и заради големиот број на посетители. Во 2009 година ја посетиле околу 45 000 посетители. Оваа година IBC 2010 се оценува дека била во знакот на филмот и дигиталната ТВ технологија. За повеќе да дознаете, прочитајте го текстов!

IBC 2010 се одржа во Амстердам на простор од 100 000 квадратни метри. На изложбата биле одржани 60 презентации и 150 тренинзи на кои учествувале над 300 говорници, а бројот на посетителите е зголемен за 8,7% во однос на 2009 година и изнесувал околу 49 000 посетители од 140 земји во светот! Сите овие бројки се уште една потврда за реномираноста и квалитетот на оваа светски позната изложба на опрема и тоа главно опрема за телевизија и филм, за продукција и поспродукција. Аудиотехниката е застапена во многу помал процент заради фактот што постои посебна изложба AES само за оваа опрема, а таа ќе се одржи во декември и за сето она што ќе се случи таму ќе прочитате пак во ЕМИТЕР, но најверојатно по Нова година.
Од друга страна изнесените показатели даваат умерен оптимизам дека иако имаше криза, оваа индустриска област се задржала "на нозе". Но, да видиме што се случуваше од техничко - технолошки аспект или со други зборови во која насока се движи развојот на оваа индустрија чии производи се неодминливо присутни во сите области на животот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.