На едно место: сите елементи од системот, начин на проектирање и изведба на главната станица и кабелската мрежа. Задолжително за техничкиот кадар во кабелските телевизии.
Во брошурата "Кабелска телевизија" од Кирил Крстевски систематски се разгледани сите витални елементи на еден кабелски дистрибутивен систем, почнувајќи од главната станица па сè до крајните корисници во мрежата. Во брошурата се испреплетуваат анализата и синтезата (проектирањето) на кабелскиот дистрибутивен систем (КДС) во една функционална целина. Анализата на елементите е спроведена до определена длабочина, на квалитативно, техничко ниво. Проектирањето е прикажано на конкретни примери. Освен тоа, се изведени и некои генерални заклучоци кои прераснуваат во принципи при проектирањето на КДС. Во таа смисла, книгата се јавува како неопходен прирачник на секој техничар кој веќе работи во некоја кабелска телевизија. Со оваа брошура ќе бидат разрешени многу теоретски ‘’дупки’’ во знаењето на техничарите. Доколку сте техничар кој се одлучил да побара работа во некоја кабелска телевизија, оваа брошура ќе ве подготви за успешно интервју со работодавачот. Конечно, ако сте млад инженер, вооружен се теоретско знаење и ентузијазам, но ‘’краток’’ со практични познавања, оваа книга ќе ви помогне да го дознаете она што инаку треба да го дознаете од монтерите на потешкиот начин.
1. Вовед
1.1. Мали системи
1.2. Големи дистрибутивни системи
1.3. Принципи на градење на кабелски дистрибутивен систем
2. Главна станица
2.1. Разделници (сплитери)
2.2. Антенски систем
2.3. Приемници и конверотори
2.4. Сумирање на каналите
2.5. Напојување и заштитни мерки
3. Кабелска дистрибутивна мрежа
3.1. Коаксијални кабли
3.2. Насочени разделници (TAP-ови)
3.3. Кабелски коректори
3.4. Атенуатори
3.5. Каналски филтри-разделници
3.6. Кабелски засилувачи
3.7. Проектирање на магистрална линија
3.8. Технички барања и препораки за кабелски дистрибутивни мрежи
3.9. Субмагистрални кабелски мрежи
Термини и кратенки
На оваа страница е даден преглед на нашите книги и брошури со сите потребни информации, а купувањето е овозможено преку нашата е-продавница (www.emiter.mk) во менито “Книги и брошури“ (https://emiter.mk/Content.aspx?idMenu=6). Книгите и брошурите се претставени со слика од насловната страница и краток опис за тоа кои теми се разработени во неа, а потоа следи и детален преглед на содржината. Следете ги упатствата за купување и нарачаните книги и брошури ќе ги добиете во најкраток временски рок. Читателите од Скопје нашите книги и брошури можат да ги набават и директно во продавницата “ГАЦ електроника“ (бул. К.Ј. Питу 28а/3 - ТЦ Скопјанка).