Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

ЕМИТЕР 4/2012

Цена: 130 денари

Нарачај

Претплатете се на ЕМИТЕР

За да не трчате по трафики претплатете се на ЕМИТЕР и секој месец новиот број добивајте го дома.
Повеќе информации тука.

Електроника

Студиски засилувач за слушалки

Засилувачот за повеќе слушалки е неопходна алатка во секое студио Поседувате или работите во тонско студио, продукциска куќа, радио или ТВ-станица? Во тој случај, секако дека ви е потребен засилувач за слушалки со можност на него да се приклучат повеќе пара слушалки. Проектот што го нудиме во овој напис е токму она што ви треба. Тој содржи четири независни стереозасилувачи со сопствена регулација на јачината, со што се овозможува секој од слушателите да го нагоди нивото на звукот според сопствените потреби. Исто така, на секој од четирите излези можат да се приклучат до 4 пара слушалки, што значи дека овој засилувач може да напојува вкупно 16 пара слушалки, што би требало да ги задоволи речиси сите потреби.

Повеќе

Автомобилска техника

Активирање на запуштен мотор

 Како и за сè останато, така и за автомобилите важи правилото дека доколку редовно не се користат подложни се на компликации предизвикани единствено од факторот пасивност кој е погодно тло за интензивен развој на разни моќни и непожелни процеси како: корозија, сушење на еластичните медиуми, упропастување на акумулаторот, појава на скрама на електричните контакти итн. Во оваа прилика ќе ги споменам само основните проблеми предизвикани од долгогодишното некористење на нашиот автомобил, а најмногу ќе се задржам на моторот кој никако нејќе да стартува или, уште полошо, никако нејќе да заврти, т.е. блокиран е, а добар си беше пред десеттина години!?!

Повеќе

Информатика

Intel Ivy Bridge – 22-нанометарска ера на прагот!

 Бескомпромисни перформанси дополнети со моќна графикаПо неколку одложувања, конечно пред нас се долгоочекуваните Intel процесори изработени во 22-нанометарска технологија. Со драстично подобрени графички перформанси, дотерани и "испеглани" до максимум, јасно говорат дека Intel уште долго ќе доминира на полето на процесорите.

Повеќе

Металство и машинство

Спирални бургии и нивни карактеристики

 Мошне често при купување бургија, продавачот ќе ни понуди еден куп бургии различни според цена и боја, на пример црни, златни, сребрени,виолетови и други нијанси. На прашањето зошто толку се разликуваат според цена бургии од ист тип (една е 50, а друга е 500 денари), и зошто се разликуваат според нивната боја, најчесто продавачот ќе ни одговори "овие се кинески, овие од Шведска итн." Но каква е целата поента во производителот, дали можеби се во прашање различни карактеристики на спиралната бургија и материјалот од кој е изработена истата? Во овој напис ќе се обидеме да ве заштитиме од тоа да купите квалитетна бургија од Шведска, да дојдете дома и веднаш да ви се скрши, па од нервоза да кажете: "во државава нема никаков квалитет, сè е од Кина, сите само лепат декларации од различни производители".

Повеќе

Аеронаутика

Фиксното крило го возвраќа ударот (2): Aвиони од IV и V генерација ловци

 General Dynamics F-16 Fighting FalconНаспроти евидентните тешкотии од конструктивен, производствен и експлоатациски аспект, крилото со променлив агол на стрелата наназад било компромисно решение за аеродинамиката на авионот во подзвучна, низзвучна и надзвучна област на брзините. Во еден период на развојот на воздухопловството се чинело дека овој концепт ќе има подолготрајна перспектива. Во тој период се направени познатите авиони, како: МиГ-23, Су-24, F-14 Tomcat, Tornado итн. За жал (или за среќа?), современите крила на ловците од IV и V генерација ја демантирале оваа претпоставка. Овие авиони поседуваат фиксно хибридно крило, со интегрално оптимизирана вкупна конфигурација на авионот и се користат во сите области на брзини на летањето – таканареченото трисонично крило.

Повеќе

Астрономија и астронаутика

Црните дупки во центрите на галаксиите

 Фотографија на најблискиот до нас квазар 3C273, направена од ХаблДенес астрономите сметаат дека, во центарот на речиси секоја галаксија, се наоѓа супермасивна црна дупка. Набљудувањата наметнуваат дека постои директна поврзаност меѓу масата на таа црна дупка и вкупната маса на средишниот регион на галаксијата, најгусто населен со ѕвезди. Парадокс: тие црни дупки можат да бидат најсилни светлински извори во универзумот!

Повеќе

Астрономија и астронаутика

Тајните на сончевиот систем (1)

 Сончевиот систем во себе крие неколку тајни, за кои нема објаснувања во актуелниот модел за неговата историја. Но, во најново време, една екипа астрофизичари од Италија излегоа со радикално нов модел за најраната историја на Сончевиот систем, модел, во кој клучен фактор за разрешување на тие енигми е "миграцијата" на двете гигантски планети Јупитер и Сатурн.

Повеќе

Електроника

Симулација на електронски кола со LTspice (3): Симулацијата како парадигма

 Во претходните продолженија во груби црти ги дефиниравме можностите на LTspice и ја научивме основната синтакса за цртање на електрични шеми со него. Во ова продолжение ќе направиме увид на можностите на неговиот модул за симулација преку дефинирање на основниот шаблон за негова употреба.

Повеќе

Електроника

Регулатори нa напон за автомобил (2)

 Со развојот на електрониката, кога голем број уреди во автомобилот се заменети со електронски како мерачи на бројот на вртежи, брзинометарот, а да не зборуваме за воведувањето на GPS-навигацијата. Заменети се и електромеханичките регулатори на напон со електронски. Предностите кои ги нудат електронските регулатори се предуслов за нивната импликација во сите нови моторни возила, како и нивна замена со уреди "од нашата работилница", ако поседуваме постаро возило.

Повеќе

Електроника

Синус – генератор

 Генераторот на сигнал со синусен бранов облик претставува транзисторски осцилатор со индуктивна повратна врска. Наменет е за употреба како сигнал – генератор при поправка на НФ-засилувачи на моќност. Неговата стабилност на фреквенцијата, чистината на сигналот без примеси од хармоници и малите изобличувања ја оправдуваат неговата изработка и примената во секоја посериозна сервисна и експриментална работилница по електроника.

Повеќе

Електротехника

Одржување на бојлерот во домаќинството

 Бојлерот, како и сите уреди кои се употребуваат во домаќинството, а и пошироко, имаат потреба од превентивно или од тековно одржување. Како главна електрична компонента во составот на бојлерот е неговиот електричен грејач. Тој по одреден временски период на употреба треба да се исчисти или, ако е потребно, да се замени со нов. Како се прави сето тоа читателите ќе имаат можност да се запознаат од написов што следува.

Повеќе

Информатика

iPad 3

 iPad 3 е третото продолжение од сагата наречена iPad, уред кој по iPhone 4S е еден од најочекуваните уреди на пазарот на мобилни уреди. Сега тој доаѓа со нов и побрз процесор, подобра графичка картичка, нов и одличен дисплеј, но и со доста повисока цена во однос на другите конкуренти. Дали овие особини се доволни за да "оди како алва" на пазарот или народот има и други барања – читајте понатаму за да дознаете.

Повеќе

Медицина

Ешерихија коли

 Сите видови на ешерихија коли се специфични за околината во која се развиле и можат лесно да се утврдат од кој вид се, но видовите можат да се променат со мутација и тоа по природен или на вештачки начин во лабораторија. Повеќето видови на оваа бактерија се безопасни, па дури и полезни бидејќи тие го произведуваат витаминот К и го штитат дигестивниот систем од други отровни бактерии кои можат да се најдат во него. Тогаш што се случи минатото лето во Германија? За што всушност станува збор, но и како да се заштитите и како да се излечите од неа?

Повеќе

Физика

Наградата "Најмлад научник за 2011 година" за м-р Трифче Сандев

 Минатиот месец по втор пат се додели наградата "Најмлад научник", признание востановено минатата година од Претседателот на Републиката, д-р Ѓорге Иванов. Оваа година со признанието се закити м-р Трифче Сандев, автор на значајни научни трудови објавени во меѓународни научни списанија. Направивме кратко интервју со м-р Сандев, во кое го замоливме да ни даде повеќе детали околу неговата научна работа.

Повеќе

Роботика

РобоМАК 12 ...grab those robots and may the best humans win!

 Вака беше отворен настанот РобоМАК 2012, кој од 19 до 25 февруари се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје (ФЕИТ), трета година по ред. РобоМАК е меѓународен натпревар во роботика кој е организиран од IEEE Студентскиот огранок во Македонија заедно со студентската организација EESTEC LC Скопје. Главната цел на настанот е популаризација на роботиката меѓу студентите и младите, како во нашата држава така и во регионот, но исто така целта ни е иницијализација и поддршка на многу други проекти поврзани со роботиката.

Повеќе

Макетарство и моделарство

Изработка на модели од хартија

 Моите првите модели беа изработени од хартија. Изборот беше мал и главно од библиотеката на воздухоплови од тогашна Југославија. Сè уште се сеќавам на жолтите модели од хартија на макети едрилици и нивната значајна улога во донесување одлука за моето идно хоби. Пред неколку години се сетив на моите почетоци, па на моите ученици се обидов да им ја пренесам вештината на градба на воздухопловни модели од хартија и успехот не изостана. Со малку хартија и скромен алат се влегува во светот на водухопловното моделарство.

Повеќе

Омнибус

Sony digischool 2012

 Во текот на 2012 година, 3Д технологиите стануваат сè подостапни и со подобар квалитет. Задоволство ни е да ви ги претставиме најновите производи и технологии со 3Д и интернет-функционалности. Новите производи ги поттикнуваат творечките умеења и способности на секој од нас и ја прават забавата во домашната средина уште повозбудлива. Најактуелната понуда за сезоната 2012 веќе имаме можност да ја споделиме со вас во нашите продажни салони. Ова беше истакнато од тимот на Sony за време на осмото издание на традиционалниот технолошки семинар за медиуми, Sony Digi School 2012 кој се одржа од 6. до 8.4.2012 година во Варна, Бугарија, под мотото "Вистински бои и незаборавни емоции".

Повеќе

Автомобилска техника

BMW i8 Spyder – спортско електрично купе

 Нема сомнеж дека иднината на автомобилите е во електричниот погон, особено поради фактот дека светските резерви на гориво полека, но сигурно ги снемува. Затоа, како еден од врвните светски производители на автомобили, денес ќе го разгледаме најновиот спортски модел на BMW наречен едноставно i8 Spyder.

Повеќе

Аудио и видеотехника

FOR-A ќе дебитира со нов видео-свичер на NAB2012

 На NAB2012 во Лас Вегас, компанијата FOR-A – лидер во производство на видео и аудиосистеми за бродкаст и професионална опрема, ќе се претстави со HVS-390HS од последната линија на компактни, квалитетни, но не многу скапи видео-свичери. Во овој текст ќе стане збор за можностите на овој видео-свичер, а за сè она што ќе се случи на NAB2012 и за производите кои ќе бидат прикажани и наградени, ќе прочитате во наредните броеви на ЕМИТЕР.

Повеќе

Аудио и видеотехника

Panasonic - сè во едно и од прва рака

AG-AF101Македонските професионалци неодамна имаа можност "од прва рака" да се запознаат со некои од најновите и најпопуларни модели на Panasonic од палетата на производи за професионална видеопродукција и бродкастинг. Во овој напис накратко ќе ви пренесеме дел од впечатоците кои ги добивме при непосредната демонстрација од страна на јапонските продукт-менаџери на Панасоник но и она што сами го видовме, го почувствуваме и го искусивме при нашето тестирање и ракување со презентираните производи.

Повеќе

Електроника

Школа за електроника: Телефонска линија и телефонски апарат

 Од сите електрични апарати што ги имате во својот дом, телефонот е еден од наједноставните за приклучување. Телефонската врска до вашиот дом не се менува речиси цел век, што значи, ако имате старински телефон, кој сега е антиквитет, тој може сè уште добро да функционира.

Повеќе

Електроника

Новости од електрониката

 Малина Пи го помина тестот за Електромагнетна интерференцијаВо овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.

Повеќе

Електротехника

Безжична циркуларна пила Макита BHS 630RFE

 Циркуларната пила е незаменлива алатка при сечењето на производи од дрво (даски, летви, иверка, оплеменета иверка, ламинат, панел-плочи и друго) и е наменета за правење прави и прецизни резови. Доколку поставувате под или ламинат, изработувате и монтирате мебел или правите дрвени конструкции, циркуларната пила е неопходна алатка. Макита BHS 630RFE пред сè е намената за професионална употреба, но спојот на квалитетна изработка, ергономичност и едноставност ви овозможуваат беспрекорно сечење, дури и ако сте почетник.

Повеќе

Информатика

Аудио freeware избор

 Во овој број ви претставуваме три корисни аудиоапликации. Секоја од нив покрива различни сегменти. Првите две се наменети за аудиофилите – едната е наменета за претворање на датотеки од еден во друг формат, додека другата е за организирање на музичките датотеки во една единствена прегледна дигитална музичка колекција. Последната програма е наменета за оние, малку покреативните, кои се бават со создавање музика, било да се дизајнери на звук, диџеи или, едноставно, хоби-музичари.

Повеќе

Информатика

Nvidia го возврати ударот!

 Како што се очекуваше, Nvidia повторно ја презеде лидерската позиција во high-end сегментот. GeForce GTX 680 носи низа новини, и слободно можеме да констатираме дека пред нас е FERMI архитектурата каква што требаше да изгледа од самиот почеток.

Повеќе

Телекомуникации

Сивус на Mobile World Congress 2012: Редефинирање на мобилната индустрија

 Минатиот месец заврши најголемиот светски настан на мобилната индустрија. Четирите дена од конгресот во Барселона поминаа во знакот на технолошките иновации, новите мобилни уреди, како и новите трендови и предизвици на телеком-операторите.

Повеќе

Омнибус

Кратки информации

 Првите животни облици на ЗемјатаSamsung Galaxy III – трето продолжение; VAIO – 3D лаптоп на Sony; Наука на дланка; Нова генерација wireless 3D монитори; Нова мерцедес А-класа; Првите животни облици на Земјата; HP ProLiant GEN8 пристигна и кај нас; Најдоверлив автомобил; Протонски ласер кој директно го уништува туморот; Зајакнете го својот имунитет; Volkswagen UP! – "Светски автомобил на годината за 2012"; Планети – скитници; Литиум-воздушни батерии; Пиштол за занемување?!; Автомобилски воз

Повеќе

Писма


Реакција на текстот "HHO генератор на лаги"


Мојот HHO генератор штеди 40% гориво!!!

Повеќе

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk