Микрофони
Автор: Миле Серафимовски

Година: 2004

Формат: A5

Страници: 52

ISBN: 
9989-9500-6-7


Нарачај ја оваа книга

Печатено издание: 100 ден.
Електронско издание: 80 ден.

Сè за микрофоните: принцип на работа, видови, карактеристики, препораки за избор и примена, кабли, конектори, приказ на познати модели... Брошура за секој сегашен и иден тон-мајстор.

Брошурата "Микрофони" од Миле Серафимовски е наменета за сите сегашни и идни тонски сниматели, тонски мајстори и тонски инженери кои работат или ќе работат во аудио-видео студијата, како и во радио и телевизиските куќи. Во неа се содржани основните принципи на работа на сите познати видови микрофони што се користат денес во сите области на животот, со особен акцент на професионалното користење, како и основните технички карактеристики важни за правилната проценка при изборот на некој микрофон за определена намена. Дадени се и најосновните препораки за поставувањето на микрофоните, за микрофонските кабли, микрофонските конектори, ветробрани, нега на микрофоните и кус преглед на микрофони од многу производители што досега стекнале светска афирмација за одредени примени.

Содржина: 

1. Вовед

2. Основни карактеристики на микрофоните

3. Акустичка поделба на микрофоните

4. Електрична поделба на микрофоните

5. Специјални микрофони

6. Практични аспекти на микрофонските податоци

7. Микрофонска техника

8. Микрофонски кабли

9. Микрофонски конектори

10. Ветробрани

11. Нега на микрофоните

12. Познати микрофони од практиката

 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките

На оваа страница е даден преглед на нашите книги и брошури со сите потребни информации, а купувањето е овозможено преку нашата е-продавница (www.emiter.mk) во менито “Книги и брошури“ (https://emiter.mk/Content.aspx?idMenu=6). Книгите и брошурите се претставени со слика од насловната страница и краток опис за тоа кои теми се разработени во неа, а потоа следи и детален преглед на содржината. Следете ги упатствата за купување и нарачаните книги и брошури ќе ги добиете во најкраток временски рок. Читателите од Скопје нашите книги и брошури можат да ги набават и директно во продавницата “ГАЦ електроника“ (бул. К.Ј. Питу 28а/3 - ТЦ Скопјанка).