Акустика на простории
Автор: Миле Серафимовски

Година: 2009

Формат: A5

Страници: 60

ISBN: 
978-608-4584-00-1


Нарачај ја оваа книга

Печатено издание: 100 ден.
Електронско издание: 80 ден.

Основна теорија за акустичките процеси во затворени простории, посебен осврт за говорна и музичка акустика, анализа и пресметка на разни видови апсорбери и дифузери, пресметка на времето на реверберација...

Во последните две децении во Македонија профункционираа мноштво аудио, видео, радиски и ТВ-студија. Со малку исклучоци, за жал, нивната акустичка обработка претежно се сведуваше на искуствена обработка, со делумно користење на странска литература, без математички пресметки и без акустички мерења. Сè се оставаше на слушните тестови кои многу се подложни на субјективизам, иако не може да се порекне нивната важност. Брошурата АКУСТИКА НА ПРОСТОРИИ од Миле Серафимовски нуди можност акустичката обработка да се направи стручно и квалитетно. Содржи објаснувања за сите значајни поими, појави и пресметки од акустиката на просториите, како и многу цртежи, графици и обемни табели со податоци за акустичките особини на разни материјали. Материјата е изложена преку четирите поглавја: 1. Звучни процеси во затворени простории; 2. Говор и музика; 3. Апсорпциски материјали; 4. Пресметување на времето на реверберација. Брошурата претставува обид да се внесе повеќе објективност во квалитетното создавање на акустички студиски простор, да го увери читателот дека акустичката обработка е далеку од покривањето на ѕидовите со најевтиниот материјал. Сметаме дека оваа брошура ќе придонесе во иднина да се потисне аматеризмот, да превладее професионалниот однос кон оваа проблематика кој ќе доведе до квалитетно акустички обработени простории.

Содржина: 

1. Звучни процеси во затворени простории

1.1 Вовед

1.2 Рефлексии

1.3 Флатер-ехо

1.4 Стојни бранови

1.5 Закони за пораст и опаѓање на звучната енергија

1.6 Сопствени фреквенции на просториите

1.7 Пример на пресметка на модовите

1.8 Опаѓање (стивнување) на модовите

1.9 Пропусен опсег на модовите

1.10 Модална густина

1.11 Распределба на модовите и обојувањето

1.12 Критериумот на Бонело

1.13 Влијание на реверберацијата на субјективниот впечаток

1.14 Субјективно влијание на рефлектираните звучни бранови

1.15 Акустички однос

1.16 Волумен на просторијата

1.17 Облик на просторијата

1.18 Дифузност

1.19 Шредерови дифузери

1.20 Кус преглед за основните начела за мали простории

2. Говор и музика

2.1 Говорна акустика на просториите

2.2 Оптимално време на реверберација во говорната акустика

2.3 Музичка акустика на просториите

3. Апсорпциски материјали

3.1 Вовед

3.2 Порозни материјали

3.3 Акустички резонатори

3.4 Механички ( мембрански) резонатори

4. Пресметување на времето на реверберација

 

На оваа страница е даден преглед на нашите книги и брошури со сите потребни информации, а купувањето е овозможено преку нашата е-продавница (www.emiter.mk) во менито “Книги и брошури“ (http://www.emiter.mk/Content.aspx?idMenu=6). Книгите и брошурите се претставени со слика од насловната страница и краток опис за тоа кои теми се разработени во неа, а потоа следи и детален преглед на содржината. Следете ги упатствата за купување и нарачаните книги и брошури ќе ги добиете во најкраток временски рок. Читателите од Скопје нашите книги и брошури можат да ги набават и директно во продавницата “ГАЦ електроника“ (бул. К.Ј. Питу 28а/3 - ТЦ Скопјанка).