Рубрика: Електроника
Електронска заштита од преоптоварување
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Електронските уреди најчесто ги заштитуваме со бавни или брзи топливи осигурувачи. Постојат и електромагнетни осигурувачи со подобри карактеристики, но најголема брзина и сигурност имаат електронските осигурувачи. Изградете брз електронски осигурувач кој може да се применува во еднонасочни и наизменични електрични кола, со променлив праг на пречекорување на струјата и голема брзина на активирање.

Термички или топливи, брзи и бавни, електромагнетни и комбинирани, со ресет и без ресет, електронски и секакви...но иако немаат иста брзина сите се со иста намена - да го заштитат уредот и електричните врски во инсталацијата и печатеното коло, како и осетливите полуспроводнички компоненти во уредот. Брзината на топливите осигурувачи се движи од 10ms до 20ms, за брзите осигурувачи, и од 50ms до 100ms, за бавните термални осигурувачи. Најголема брзина имаат осигурувачите изработени од полуспроводници (не рекле залудно најбрз осигурувач е транзисторот), која изнесува од 1ms до 2ms. Електромагнетните осигурувачи имаат брзина нешто помала од 10ms. Секако, најбрзи се електронските, со брзина од 0,1µs до 0,5µs. Во нашиот случај, брзината на уредот за прекуструјна заштита (overload protector) е ограничена со брзината на електромагнетниот релеј, иако постојат релеи во IGBT технологија со брзини на прекинување од 150KHz, односно брзина на "привлекување" од 280ns и брзина на "отпуштање" од 60ns, јас ќе користам класичен електромагнетен релеј.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК325

ИК: NE555, CNY17; Релеј: 12V

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.