Микроконтролери за почетници 1
Автор: Добре Блажевски

Година: 2008

Формат: A5

Страници: 60

ISBN: 
978-9989-9500-9-4


Нарачај ја оваа книга

Печатено издание: 100 ден.
Електронско издание: 80 ден.

Што е микроконтролер, преглед на најпознатите микроконтролери, детален опис на PIC16F84, проекти за самоградба на програматор и неколку други електронски уреди.

Содржините на брошурата "Микроконтролери 1" од Добре Блажевски започнуваат со основната теорија за микроконтролерите (Основи на дигитална електроника, Што е микроконтролер, Преглед на најпознатите микроконтролери), по што следува детален опис на микроконтролерот PIC16F84(A), проект за самоградба на програматор за повеќе типови PIC микроконтролери и упатства за користење на придружниот софтвер за преснимување на готова програма во микроконтролерот. Последниот дел е наменет за проекти на неколку електронски уреди со PIC микроконтролери (мелодичен микроконтролер, кодирана брава и движечко светло) за кои е обезбедена и бесплатна програма за PIC-от. За успешно да се совладаат содржините на оваа брошура доволно е читателот да има само основни познавања од електрониката. Како што може да се забележи, брошурата е наменета за електроничари кои немаат искуства со микроконтролерите и кои со нејзина помош на лесен начин ќе влезат во светот на микроконтролерите, ќе се запознаат со нивните основни составни делови и со начинот на работата, како и со постапката за снимање (запис) на готова програма во микроконтролерите. На тој начин секој електроничар - читател на оваа брошура во иднина ќе може успешно да го изработи секој проект во кој е вклучен микроконтролер, а за кој се нуди готова (обично бесплатна) програма, што е вообичаена пракса во ЕМИТЕР и во странските списанија за електроника.

Содржина: 

1. Вовед

2. Основи на дигитална електроника

3. Што е микроконтролер

4. Преглед на најпопуларни микроконтролери

5. Микроконтролер PIC16F84(A)

6. Поврзување за работа на PIC16F84(A)

7. Инструкции

8. Програматор за PIC микроконтролери

9. Инсталација и употреба на програмата FPP

10. Проекти со PIC микроконтролери

11. Заклучок

 
Главни елементи: 

Плочки:

Програматор - ППК319

Мелодичен микроконтролер - ППК320

Кодирана брава - ППК321

Движечко светло - ППК322

Микроконтролери: PIC16F84-04/P, PIC16F628-04/P

Релеи: 12Vdc/230Vac/10A

Кристали: 4MHz

На оваа страница е даден преглед на нашите книги и брошури со сите потребни информации, а купувањето е овозможено преку нашата е-продавница (www.emiter.mk) во менито “Книги и брошури“ (http://www.emiter.mk/Content.aspx?idMenu=6). Книгите и брошурите се претставени со слика од насловната страница и краток опис за тоа кои теми се разработени во неа, а потоа следи и детален преглед на содржината. Следете ги упатствата за купување и нарачаните книги и брошури ќе ги добиете во најкраток временски рок. Читателите од Скопје нашите книги и брошури можат да ги набават и директно во продавницата “ГАЦ електроника“ (бул. К.Ј. Питу 28а/3 - ТЦ Скопјанка).