Имате научен или стручен труд и сакате да го објавите? Имате пронајдок, иновација или сте смислиле некоја нова теорија? 
Рубриката Еурека овозможува вашите идеи да дојдат до вистинските луѓе, фирми и институции!
 

За повеќе информации кликнете тука.  

Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 1-2/2015)

Овој напис дава опис на иновацијата којашто се однесува на биолошкиот филтер за нитрати. Дадени се теоретски објаснувања, постигнатите лабораториски резултати и решение за индустриска примена на филтерот.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 6-7/2014)

Интелектот, претставува еволутивно највисоко совршена функција и доминантен фактор во повредувањето на човекот и во неговото каузално лекување. Механизмите на повредување се особености на несозреаниот и неискусен интелект. Во таа фаза на развој, во доминантни размери, се наоѓа интелектот на современиот човек. Интелектот поседува способности да создава болни состојби (хронични масовни и малигни болести), но и да ги решава каузално, со физиолошки предодредени методи. Тие се еволутивно предодредени, но современиот човек не ги развил, не ги практикува и тие се привелегија на искусниот и созреан интелект.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 2/2014)

Целта на оваа иновација е да понуди начин и постапка со која ефикасно ќе се истретира суровата ПЕТ-амбалажа во предрециклажната обработка, во смисла на драстично намалување на нејзиниот волумен и отстранување на етикетите. При ова, вака компримираната ПЕТ-амбалажа станува многу атрактивна за понатамошна постапка.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 12/2013)

На годинешниов интернационален саем МАКИНОВА, еден од златните медали за поронајдок и нови технологии му припадна на Борко Бабаљ, иноватор од Босна и Херцеговина за единствениот и досега непостоечки производ на пазарот "Џебен пепелник – чибук". Кон крајот на септември 2013 година, оваа иновација го освои и златниот медал на саем во Украина, а беше претставена и во Ријад оваа година. За каков иновативен производ станува збор прочитајте на следниве страници.



Научни и стручни трудови (Емитер 11/2013)

Во овој текст за првпат откриваме дел од историјата на науката во Македонија во текот на Првата светска војна. Кој доаѓал во Македонија, какви истражувања спроведувал и која била нивната цел?



Научни и стручни трудови (Емитер 2/2013)

Во овој текст даден е краток историски преглед и вовед во аномалната динамика во комплексни системи. Претставени се теориските модели за опишување на процесите на аномална дифузија и неекспоненцијална релаксација, како и математичкиот апарат кој се користи во истите. Дадени се величините кои служат за определување на типот на ваквите процеси. Потенцирана е експерименталната потврда на овие процеси и системите коишто можат да се опишат со помош на теориските модели. Презентирани се најновите достигнувања во светската научна литература од оваа област на науката, но и придонесот и значењето на резултатите добиени во нашата земја. На крајот дадени се предизвиците за идните истражувања во оваа област.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 3-4/1996)

Во овој напис ќе ви ги претставам двата нови типови на електромагнети што ги пријавив во Југословенскиот сојузен завод за патенти, во 1989 година. Станува збор за "Електромагнет со перманентни магнети", и "Електромагнет со супрапроводна намотка".
Овие патенти во себе имаат важна теоретска новина. Електромагнетот со перманентен магнет е наменет за онаму каде што се бара мала снага, мала потрошувачка на електрична енергија, а голем степен на искористување. Овој електромагнет, за иста потрошувачка на електрична енергија во однос на било кој друг класичен електромагнет дава многу поголема сила на дигање, бидејќи користи дел од енергијата на перманентните магнети. Електромагнетот со супрапроводна намотка е наменет за големи снаги и голем степен на искористеност, а исто така овој тип на електромагнет има појака сила на дигање во однос на класичниот електромагнет, бидејќи користи дел од енергијата од електричната струја што е претходно внесена во суперпроводните намотки. Овде најпрво ќе ви објаснам наједноставно во што е теоретската новина и каде е вишокот на енергија во електромагнетите, а потоа постепено ќе ве воведам во самата конструкција.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 7-8/2011)

Цел: Анализа на класичните ставови и тези методите на превенција и лекување на заболени од ХТА/е. Промоција на нови сознанија за етиопатогенезата и нови методи на ефикасна превенција и каузален третман на ХТА/е.
Методи: Користени се проспективни испитувања, анализи и процени. Извршена е евалуација на третирани болни од ХТА/е со класичен фармако третман во временски период од 20 години. Користени се материјали од одделението за јавно здравје во Кичево и ПЗУ "Сонце" од Кичево. Анализирани и статистички обработени дијагнози на вкупниот број прегледи на ХТА/е во период од една година во амбулантски услови.
Резултати: Синдромот на ХТА/е високо е застапен во популацијата, со преваленција од над 25% кај населението на возраст од над 20 години и учествува со над 35% во бројот на прегледите во амбулантите на примарната здравствена заштита. Се лекува доминантно со класичен фармако третман, по механизми на вазодилататорни, диуретички или седативни дејства. Постојат реални тенденции бројот на заболени од ХТА/е да се зголемува со задржувањето на догматските ставови за класичниот фармако третман и традиционалниот ментален вредносен систем.
Заклучок: Класичниот фармако третман доминира во лекувањето на ХТА/е. Општ е заклучокот дека само повремено ги подобрува симптомите на зголемениот крвен притисок и не влијае значајно на етиопатогенетскиот процес на ХТА/е. Воведувањето на каузални методи на превенција и третман претставува неопходна потреба за намалување на здравствените и економските загуби. Метод со потенцијал да ги коригира хиперстимулативните дејства на ирационалните психомоторни комплекси е секундарната интелектуална анализа и објективна и психомоторна релаксација, ХТА/е, хипертензија.



Интервју (Емитер 4/2011)

Дваесет и осумгодишниот научник м-р Никола Златанов е добитник на престижната награда "Најмлад научник" за 2010 година, награда востановена лично од Преседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Екипата на ЕМИТЕР беше на лице место, во резиденцијата на Претседателот, на самото доделување на оваа награда, а направивме и едно ексклузивно интервју со добитникот на признанието.



Пронајдоци, иновации и нови теории (Емитер 2/2011)

Пронајдокот "Засилувач (за сабвуфер) за 50/60 Hz" е засилувач на електрични аудиосигнали наменет за нискотонски звучници (сабвуфери). Конструкцијата на излезниот степен на овој засилувач е слична како и кај секој класичен засилувач, но се разликува во напојувачката секција на засилувачот бидејќи не е потребен еднонасочен напон на напојување, туку синусоиден, односно директен мрежен напон 120 V / 60 Hz. На овој начин не е потребен мрежен трансформатор, ниту електролитски кондензатори, што драстично ги намалува цената и тежината на целиот засилувач.



Pages