Рубрика: Еурека
Нови типови на електромагнети
Автор: Делчо Герасимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3-4/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој напис ќе ви ги претставам двата нови типови на електромагнети што ги пријавив во Југословенскиот сојузен завод за патенти, во 1989 година. Станува збор за "Електромагнет со перманентни магнети", и "Електромагнет со супрапроводна намотка".

Овие патенти во себе имаат важна теоретска новина. Електромагнетот со перманентен магнет е наменет за онаму каде што се бара мала снага, мала потрошувачка на електрична енергија, а голем степен на искористување. Овој електромагнет, за иста потрошувачка на електрична енергија во однос на било кој друг класичен електромагнет дава многу поголема сила на дигање, бидејќи користи дел од енергијата на перманентните магнети.

Електромагнетот со супрапроводна намотка е наменет за големи снаги и голем степен на искористеност, а исто така овој тип на електромагнет има појака сила на дигање во однос на класичниот електромагнет, бидејќи користи дел од енергијата од електричната струја што е претходно внесена во суперпроводните намотки. Овде најпрво ќе ви објаснам наједноставно во што е теоретската новина и каде е вишокот на енергија во електромагнетите, а потоа постепено ќе ве воведам во самата конструкција.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3-4/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.