Рубрика: Електроника
Сензор за три светлински нивоа
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој сензорски склоп детектира 3 светлински нивоа: светло, самрак и темно, па е погоден за осветлување простори во кои е нужно деноноќно континуирано осветлување со приближно исто ниво.

Досега повеќепати објавивме написи за светлински осетливи склопови за автоматски старт на светилки во ноќните часови, но сите тие склопови распознаваа само 2 нивоа, светло и темно. За разлика од нив, овој склоп распознава 3 светлински нивоа: светло, самрак и темно, што на склопот му овозможува многу поширока употреба. Имено, честопати е актуелно некои дење недоволно светли простори да треба да бидат константно осветлени во текот на целото деноноќие со релативно исто светлинско ниво, што значи дека, освен ноќе, во извесна мера тие треба додатно да се осветлуваат и дење и во самрак! При тоа е логички додатното денско осветлување да биде со релативно послаб интензитет од додатното осветлување во полумрак (самрак), а особено од осветлувањето во текот на ноќта (во темница). Тоа значи дека е нужно сукцесивно вклучување и исклучување на три светлечки тела (или светлечки групи), секое со различен светлински интензитет! Токму тоа го овозможува овој склоп благодарејќи на тоа што тој генерира три логички сигнали: сигнал при светло, при самрак и во темница, и ги проследува на три посебни излези.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1309

Фотоотпорник; ИК: LM258, LM393, CD4001

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.