И покрај неверојатно високите површински температури, вулканите што исфрлаат лава и облаците од сулфурна киселина, ненаселената Венера нуди витални лекции за потенцијалот за живот на други планети, се вели во еден нов научен труд. „ Честопати претпоставуваме дека Земјата е модел за животоподобност, но ако ја земете предвид оваа планета изолирано, не знаеме каде се границите и ограничувањат а. Венера ни го дава токму тоа“, вели Стивен Кејн, астрофизичар од Универзитетот на Калифорнија Риверсајд и прв автор на споменатиот труд.