Омнибус
Македонската Национална стратегија за образование 2026 – 2032 е амбициозен документ кој треба да ја насочи иднината на нашето образование. Но, една цела област е целосно изоставена – космосот. Граѓанско-научната космичка агенција на Македонија (ГНКА) предупредува дека стратегијата не содржи ниту една референца за космичко образование, космички науки или иновации. Во време кога светот се подготвува за нова ера на истражување на Месечината и Марс, ова е сериозен пропуст.
Објавено на 14.01.2026 - 12:15

Медицина
Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) започнува со имплементација на еден од најзначајните меѓународни проекти за јавното здравје во Северна Македонија, со што се прави голем и стратешки исчекор во зајакнувањето на националните капацитети за справување со антимикробната резистенција – еден од најсериозните глобални предизвици на современото време.
Објавено на 14.01.2026 - 11:45

Астрономија и астронаутика
Астрономите од Европската јужна опсерваторија (ESO) открија необична структура околу бело џуџе – остаток од ѕвезда што одамна го завршила својот животен циклус. Откритието е направено со VLT телескопот (Very Large Telescope) во Чиле и отвора нови прашања за тоа како ваквите ‘мртви’ ѕвезди влијаат врз просторот околу себе.
Објавено на 12.01.2026 - 14:45

Омнибус
Ерих фон Деникен, најпознатиот ‘пророк’ на теориите за ‘древни астронаути’ и посети на вонземјани на Земјата во минатото, почина на 10 јануари 2026 година, на 90-годишна возраст, во болница во централна Швајцарија, потврди неговото семејство.
Објавено на 12.01.2026 - 14:15

Медицина
Новата Лабораторија за молекуларна биологија и геномика при ПМФ
Во значаен исчекор за модернизирање на македонскиот здравствен систем, Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска официјално потпишаа договор за соработка со цел развој и примена на најсовремени молекуларно-дијагностички анализи, особено за онколошки пациенти.
Објавено на 09.01.2026 - 15:00

Електроника
Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на Влатко Костадиновски, соработник на списанието Емитер и ценет техничар во македонските медиуми. Роден во Скопје, Костадиновски уште од младоста ја негувал својата страст кон електрониката – прво како хоби, а потоа и како професионална определба.
Објавено на 08.01.2026 - 19:45

Телекомуникации
CB радиото, или граѓанска радио-врска, претставува систем за двонасочна безжична комуникација кој им овозможува на обичните граѓани да разговараат меѓусебно без користење на телефон, интернет или друга инфраструктура. Работи на фреквенции во опсегот 26,965MHz – 27,405 MHz (11-метарски опсег) и е наменето за лична, рекреативна и практична употреба.
Објавено на 08.01.2026 - 12:30

Автомобилска техника
Електричните возила (ЕВ) се претставуваат како иднина на транспортот: тивки, без издув и „зелени“. Меѓутоа, анализа на животниот циклус, потрошувачката на енергија, изворите на електрична енергија и технологиите на изработка на батерии откриваат дека концептот на „нулта емисија“ е премногу поедноставен и не се прикажуваат сите детали за загадувањето и еколошкиот отпечаток. Истовремено, модерните ЕВ‑а воведуваат нови форми на дигитална контрола и претплатни системи, кои значително ја менуваат природата на сопственост и користење на возилата.
Објавено на 05.01.2026 - 16:15

Енергетика
Во претходните две колумни објавени пред неколку дена беше нагласено дека главна причина за аерозагадувањето во Скопје и други градови во Република Македонија е греењето на домаќинствата и други објекти во кои престојуваат луѓе. Исто така, беа разгледани опциите за греење со огревно дрво и со градска топлификација. Во ова продолжение ќе бидат разгледани можностите за греење со природен гас и со топлински пумпи.
Објавено на 05.01.2026 - 13:00

Астрономија и астронаутика
Се наоѓаме во точка од орбитата на Земјата околу Сонцето, која се нарекува перихел и сме најблиску до Сонцето, оддалечени од него „само“ 147,1 милиони километри!
Објавено на 04.01.2026 - 14:00

Pages