Минатата недела започна пријавувањето за учество во натпреварот по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција во Македонија – Robomac што традиционално секоја година се одржува на Факултетот за електротехника и информациски технологии. За учество можат да се пријават сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката. Оваа година терминот на RoboMac 2025 е резервиран за средината на месецот мај, од 12-ти до 17-ти.