Податоци за звучникот WF310D14

Здраво.
Ми треба помош околу кутија за subwoofer. Проблемот е што не можам да најдам спецификации за wooferot WF310D14 и со тоа не знам колку литри да ја направам кутијата. Звучникот го купив во МТВ електроника, а на сајтот на Емитер видов дека вие во еден постар број имате објавено проект за сабвуфер со овој звучник. Ми треба помош колку литри да ја направам кутијата и од кој тип да биде (sealed, vented или bandpas).
Благодарам однапред
Бојан (boko_88@....)

Тоа е звучник од фирмата TSS, за кој објавивме проект во ЕМИТЕР 9/2003, со наслов "Сабвуфер Рихтер 12" (овој број на списанието можете да го купите од редакцијата на ЕМИТЕР). Ако намерата Ви е да направите сабвуфер за домашно кино (surround), тогаш најдобро решение е бас-рефлекс кутија, со димензии на кутијата и на бас-рефлекс цевките дадени во проектот во ЕМИТЕР 9/2003. Обликот на кутијата не е важен, само треба да биде со ист внатрешен волумен како во проектот. Ако намерата Ви е со овој бас-звучник да направите hi-fi звучник (со дополнителен среднотонец и високотонец), тогаш поквалитетен звук, со подефинирани и малку поцврсти басови, ќе добиете во компресиона (затворена) кутија со околу 60 литри (dm3) внатрешен волумен, со материјал за дампирање ("Лио") поставен на ѕидовите и исполнет во барем половина од останатиот волумен.
Имајте на ум дека овој звучник е еден од најевтините, со многу висок Qts параметар, така што не очекувајте кој знае каков квалитет на ниските тонови.
Владимир Филевски