Емитер 7-8/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Седиме дома и читаме весник. Еднаш кога ќе го исчитаме го ставаме во некое ќоше или в подрум и кога ќе се насоберат доволно весници, следната станица - ѓубре. Но, бидејќи сме еколошки свесни го бараме контејнерот за стара хартија кој честопати не се наоѓа во наша близина. Еве едно решение на овој проблем кое е ем еколошко ем пријателски настроено кон домашниот буџет. Од старите весници може да изработите солиден горивен материјал кој, зависно од бројот на весници со кој располагате, ако за ништо друго ќе ви се најде најмалку за подготовка на ајварот оваа есен :-).
Старите велат "на лето се мисли за зима", пролетта и почетокот на летото се вистинското време да се обезбедите за следната грејна сезона, доколку преку зимата се греете на дрва. Претстојниот топол период ќе ги исуши доволно дрвата, па во зима нема да има проблеми со горењето, тука вреди да се напомене дека кај суровото дрво ефикасноста е дури и за 30% помала од сувото дрво или, со други зборови, ќе потрошите исто толку дрва и пари повеќе доколку дрвата не се добро исушени. Ние, како добри емитерџии, ќе ви покажеме начин како да го потпомогнете својот буџет со мала заштеда која нема да ви одземе многу од слободното време, а ќе ве реши и од вишокот весници од кои секогаш освен со палење или собирање за во отпад како стара хартија, нема друг начин како да се ослободиме. Но, со новите законски прописи секое палење на отворен оган се казнува со прилично голема сума на пари, а носењето во отпад ќе значи и дополнително ангажирање и губење време кое нема да ви донесе некои позначителни средства. Затоа, доколку се греете на дрва во зимскиот период прочитајте го написот што следува подолу кој е добро илустриран со фотографии што самиот поглед на нив ќе ви каже доволно како да го направите сè она што е цел на овој прилог.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.