Рубрика: Информатика
Phenom...енално?!?
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Конечно го дочекавме одговорот на АМД на четиријадрените процесори на Интел. Релативно доцна, со оглед дека Интел веќе ја "израснува" втората четиријадрена генерација. Дали Phenom ќе успее доволно да ги разниша позициите на Интел? Да погледнеме.

Новата генерација Radeon графички картички со RV670 чипот е еден дел од актуелната Spider платформа – ентузијастички замислена и произведена со цел да се "спаси што може да се спаси" и колку толку да се вратат разнишаните позиции. Radeon HD 3000 серијата е првиот дел од Spider сложувалката – новиот чипсет и Phenom процесорите се преостанатите два. А што ќе произлезе кога истата ќе се сложи, ќе видиме во наредниот период. Секако дека ќе бидеме во тек. А дотогаш, со оглед на лимитираноста на просторот со кој располагаме, ќе дадеме кус преглед на основните карактеристики на ова "пајаче".

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.