Рубрика: Астрономија и астронаутика
Што за астрономите ќе значат најавените милион сателити за вселенски податочни центри?
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 27.11.2026 - 16:45

Оваа слика прикажува сателити кои го пресекуваат ноќното небо над северниот дел на пустината Атакама во Чиле, во текот на само еден час.

Американската Федерална комисија за комуникации (FCC) ѝ даде зелено светло на компанијата SpaceX за воспоставување мега-констелација од најмногу еден милион сателити што ќе функционираат како центри за обработка и складирање податоци во вселената. Одлуката, донесена вчера (25 ноември), предизвика сериозна загриженост меѓу астрономската заедница, која веќе предупреди дека еден ваков проект може драстично да го промени изгледот на ноќното небо и да го загрози набљудувањето на Вселената.

Европската јужна опсерваторија (ЕСО) реагираше на одлуката, оценувајќи дека последиците би биле далекусежни и дека нивното влијание нема да се ограничи само на научните опсерватории. Според генералниот директор на ЕСО, Андреас Кауфер, проектот би можел суштински да го измени ноќното небо за сите жители на планетата, а случајот ја нагласува потребата од меѓународни механизми за процена и регулирање на вселенските активности што имаат глобални последици.


Оваа слика прикажува сателити кои го пресекуваат ноќното небо над северниот дел на пустината Атакама во Чиле, во текот на само еден час. Сликата претставува композиција од видео-снимка со временски интервали (time-lapse), направена на 15 октомври 2025 година, околу два часа по зајдисонце. Неколку од трагите се предизвикани од авиони – што лесно може да се заклучи по нивните светла во боја кои трепкаат – но повеќето траги потекнуваат од сателити. Во преден план се гледа куполата на телескопот ELT на ESO – најголемиот оптички/инфрацрвен телескоп во светот, кој моментално се гради на врвот на планината Серо Армазонес. Зад него се гледаат ласерите на телескопот (VLT) на ESO, сместен во опсерваторијата Паранал, на оддалеченост од 22 км од ELT. Фото: Ф. Кампхуес, ESO/М. Корнмесер

Проектот на SpaceX, наречен Starmind, предвидува поставување на сателити на орбитални височини од приближно 500 до 1000 километри. Нивната задача ќе биде обработка на големи количества податоци, вклучително и податоци потребни за развој и функционирање на системите за вештачка интелигенција. Идејата за вселенски центри за податоци се темели на искористување на сончевата енергија и намалување на потребата од енергетски интензивни центри на Земјата.

Но, амбициозниот технолошки концепт отвора сериозни прашања за влијанието врз научните истражувања и вселенската околина.

Во јули годинава, ESO објави рецензирана научна анализа, предводена од нејзиниот експерт Оливие Ено, во која се моделирани последиците од планираните мега-констелации врз астрономските набљудувања. Резултатите покажуваат дека големиот број сателити би создавал светлосни траги на астрономските снимки, попречувајќи го проучувањето на далечните галаксии, планетите слични на Земјата околу други ѕвезди, па дури и астероидите што потенцијално би можеле да ја загрозат нашата планета.


Овој дијаграм го прикажува бројот на сателити што би биле видливи над телескопот VLT на ESO, доколку SpaceX ја лансира својата планирана констелација од 1 милион сателити. Пресметките се направени околу два часа по зајдисонце, длабоко во периодот на вистинска ноќна темнина. Сивите точки претставуваат сателити кои се наоѓаат во сенката на Земјата и затоа се невидливи, додека обоените точки се осветлени сателити. Портокаловите точки – речиси 2000 од нив – одговараат на сателити со сјајност поголема од 7-ма магнитуда; тоа е границата на најслабата светлина што може да се забележи со голо око од локации со исклучително темна средина. Црвените точки, кои се повеќе од 200, претставуваат сателити со сјајност поголема од 5-та магнитуда – што одговара на најслабите објекти видливи со голо око од локации во предградијата. Слика: ESO/O. Hainaut
 

Според симулациите, доколку планираната констелација на SpaceX биде целосно поставена, на снимките од телескопот VLT во Чиле би можеле да се појавуваат десетици сателитски траги во една фотографија, со загуба на до 28 проценти од набљудуваното видно поле.


Оваа слика прикажува како сончевата светлина, распрсната од вселенските огледала на Reflect Orbital, би ја зголемила вкупната осветленост на небото над телескопот VLT на ESO. Сликата лево е снимена со камера за снимање на целото небо, за време на ноќ без месечина, на 16 мај 2026 година. Северот е горе, а западот е десно. Горе десно се гледаат куполите во кои се сместени четирите телескопи на VLT, секој со дијаметар од 8 метри. Сликата десно е симулација која покажува колку би било посветло небото со целосната констелација од 50 000 огледала на Reflect Orbital. Иако огледалата не се насочени директно кон опсерваторијата, тие сепак ја распрснуваат светлината настрана, која потоа дополнително се расејува во атмосферата. Како резултат на тоа, небото би било и до три до четири пати посветло. Слика: ESO/O. Hainaut

Проблемот не се однесува само на оптичката астрономија. Милион сателити би можеле да создаваат и радиопречки што ќе ги попречуваат радиоастрономските набљудувања. Дополнително, огромниот број лансирања и согорувањето на сателитите при нивното враќање во атмосферата би придонеле за атмосферско загадување. Натрупувањето објекти во ниската Земјина орбита, пак, го зголемува ризикот од судири и создавање дополнителен вселенски отпад.

ESO предупредува дека одлуките со вакви глобални последици не треба да се носат без поширока меѓународна процена и научна консултација. Предизвикот е да се овозможи технолошкиот напредок, без притоа да се жртвува ноќното небо како природно и научно богатство што му припаѓа на целото човештво.

Клучни зборови:
Оваа слика прикажува сателити кои го пресекуваат ноќното небо над северниот дел на пустината Атакама во Чиле, во текот на само еден час.

Оваа слика прикажува сателити кои го пресекуваат ноќното небо над северниот дел на пустината Атакама во Чиле, во текот на само еден час. Сликата претставува композиција од видео-снимка со временски интервали (time-lapse), направена на 15 октомври 2025 година, околу два часа по зајдисонце. Неколку од трагите се предизвикани од авиони – што лесно може да се заклучи по нивните светла во боја кои трепкаат – но повеќето траги потекнуваат од сателити. Во преден план се гледа куполата на телескопот ELT на ESO – најголемиот оптички/инфрацрвен телескоп во светот, кој моментално се гради на врвот на планината Серо Армазонес. Зад него се гледаат ласерите на телескопот (VLT) на ESO, сместен во опсерваторијата Паранал, на оддалеченост од 22 км од ELT. Авторство: Ф. Кампхуес, ESO/М. Корнмесер

Овој дијаграм го прикажува бројот на сателити што би биле видливи над телескопот VLT на ESO, доколку SpaceX ја лансира својата планирана констелација од 1 милион сателити

Овој дијаграм го прикажува бројот на сателити што би биле видливи над телескопот VLT на ESO, доколку SpaceX ја лансира својата планирана констелација од 1 милион сателити. Пресметките се направени околу два часа по зајдисонце, длабоко во периодот на вистинска ноќна темнина. Сивите точки претставуваат сателити кои се наоѓаат во сенката на Земјата и затоа се невидливи, додека обоените точки се осветлени сателити. Портокаловите точки – речиси 2000 од нив – одговараат на сателити со сјајност поголема од 7-ма магнитуда; тоа е границата на најслабата светлина што може да се забележи со голо око од локации со исклучително темна средина. Црвените точки, кои се повеќе од 200, претставуваат сателити со сјајност поголема од 5-та магнитуда – што одговара на најслабите објекти видливи со голо око од локации во предградијата. Автор: ESO/O. Hainaut

Оваа слика прикажува како сончевата светлина, распрсната од вселенските огледала на Reflect Orbital, би ја зголемила вкупната осветленост на небото над телескопот VLT на ESO

Оваа слика прикажува како сончевата светлина, распрсната од вселенските огледала на Reflect Orbital, би ја зголемила вкупната осветленост на небото над телескопот VLT на ESO. Сликата лево е снимена со камера за снимање на целото небо, за време на ноќ без месечина, на 16 мај 2026 година. Северот е горе, а западот е десно. Горе десно се гледаат куполите во кои се сместени четирите телескопи на VLT, секој со дијаметар од 8 метри. Сликата десно е симулација која покажува колку би било посветло небото со целосната констелација од 50 000 огледала на Reflect Orbital. Иако огледалата не се насочени директно кон опсерваторијата, тие сепак ја распрснуваат светлината настрана, која потоа дополнително се расејува во атмосферата. Како резултат на тоа, небото би било и до три до четири пати посветло. Извор: ESO/O. Hainaut