Рубрика: Информатика
Србија гради фабрика за безбедносни камери со најголем капацитет во Европа
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 23.11.2026 - 18:30

The Mercury AI ја гради својата прва фабрика за безбедносни камери во Србија. Во Јагодина се гради погон со површина од 17 000 квадратни метри, со планиран капацитет од 7,2 милиони камери годишно, што е најголемата фабрика за безбедносни камери, не само на Балканот, туку и во Европа.

Со тоа соседна Србија станува една од ретките земји кои имаат фабрика за безбедносни камери на европско тло и се става во редот со државите каде постои таква продукција, како Германија, Унгарија, Полска и Шведска. Благодарение на овој проект и најсовремените технолошки решенија што The Mercury AI ги применува во производството и користењето на софтверот, признанието дојде во форма на престижна награда во Загреб.

Имено, српскиот бренд The Mercury AI во Загреб ја освоил престижната награда што ја доделува редакцијата a&s Adria magazine. На вториот ден од Adria Security Summit во Загреб, на брендот The Mercury AI му беше врачена наградата Editorial Choice Award во категоријата Integrated City Safety Solution of the Year – Belgrade, признание од регионалната струка за најмодерни дигитални решенија, поврзани со високотехнолошка безбедност на градовите. Наградата се доделува веќе трета година по ред.

Пазарот на видео надзор се развива мошне бргу бидејќи градовите, компаниите и институциите инсталираат сè повеќе камери, сѐ почесто со функции на вештачка интелигенција. Производството во моментов најмногу е сконцентрирано во Азија. Најголемиот светски производител уште во 2016 година произведе повеќе од 55 милиони камери, а фабриката има десетици само во Кина.

Оттаму во индустријата сè почесто се поставува прашањето за довербата. Тенка е границата помеѓу безбедна опрема и опрема чијшто интегритет не може да се провери. Треба да се знае од што е направена камерата и што работи софтверот во неа, вклучувајќи и дали постојат функции за кои корисникот не знае.

Прашањето е толку сериозно што некои држави ја ограничуваат набавката на опрема од одредени производители. Во променетите политички околности во светот, а особено во Европа, станува многу важно стратегијата на ланците на снабдување повеќе да не зависи од далечни земји, туку производството да се прави што понлиску или, по можност, дома.

The Mercury AI ги почитува најсовремените стандарди и се истакнува во регионот, што е и причината за престижната награда. Компанијата развива и хардвер и софтвер. Софтверот заснован на вештачка интелигенција ја анализира снимката во реално време и, меѓу другото, обучен е да препознава насилство и оружје.

Од друга страна, мошне важно за пазарот е тоа што опремата е усогласена и со европските и американските стандарди. Софтверот на камерата не чува слики или препознатливи записи, туку само математички векторски дескриптори, во согласност со GDPR. Затоа производите на The Mercury AI се сметаат за доволно сигурни и усогласени со најновите прописи, така што можат да се продаваат на пазарите во Европа и Северна Америка.

„Кога камерата ја надгледува просторијата, треба да се знае кој ја направил и кој ја управува. Ние изработуваме и софтвер и хардвер, па за тоа прашање имаме и одговор“, вели директорот Марко Галиќ.

Клучни зборови: